Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Акција за Соработка – Репарација на Турбини

Почитувани,

Со цел да се излезе во пресрет на секој наш но и Ваш клиент, нудејќи квалитет кој може да си го дозволи секој, од неодамна започнавме акција за соработка со повеќе реномирани авто сервиси кои се наоѓаат на територијата на Македонија. Па така би ни било чест доколку и Вие одлучите да соработувате со нас.

Примарната цел на оваа понуда е во обезбедување на квалитетен и поволен сервис на дотраени Турбини кај моторни возила.

Модерните времиња носат и нови предизвици. Па така следејќи го трендот на се помоќните мотори кои ги користат комерцијалните возила, Кар Систем заедно со Македо Гас започна соработка со повеќе светски брендови кои произведуваат комплетни Турбини и резервни делови за истите. Поради огромната застапеност на возилата со Турбо, на нашиот пазар, потребата од сервисирање и одржување на истите е се поголема.

Репарацијата на турбините ја вршиме во Белград, Србија, во лиценцираниот сервис за турбини на Македо Гас, па со цел да се излезе во пресрет со времето на клиентите, соработката би се одвивала со закуп на репарирани турбини за кои издаваме гаранција од две години, па така при одреден дефект на турбина кај Ваш клиент, Вие би му ја замениле постоечката, со репарираната турбина, а дефектната турбина би ни ја доставиле нас со цел истата да се репарира и да продолжи да се користи на друго возило.

Со тоа што гаранцијата која ја даваме на репарираните турбини е и до 2 години, може да се заклучи дека при репарација на истите се користат висококвалитетни оригинални делови, произведени од страна на брендовите: Melett, Garrett, KKK Turbolader, HOLSET, BorgWarner, IHI turbo, кои го продолжуваат работниот век на турбините и издржуваат доста подолго од дадениот гарантен период.

Вашата добивка би зависела од цената на турбината која се заменува како и штетата која треба да се репарира на дефектната турбина. За подетални информации посетете го нашиот веб сајт www.avtoturbini.mk / www.servisturbina.rs или контактирајте не на дадените контакт информации.

Кар Систем е фирма чија примарна дејност е трговија, монтажа и сервисирање на гасни системи на возила. Со тек на време, полињата на кои Кар Систем се појавува се повеќе се зголемуваат, а со тоа и услугите кои ги нуди фирмата се се побројни. Нашата цел е да се понуди квалитет по прифатливи цени со што би се добиле задоволни клиенти кои благодарение на една добро завршена услуга често побаруваат дополнителну услуги кои во моментов ги нудиме на пазарот во Македонија и Србија.

Како надополнување на понудата на плински системи, од минатата година Кар Систем започна со увоз и продажба на висококвалитетни протектирани гуми од светски познатиот бренд Инса Турбо кој држи добар процент од пазарот на пневматици на територијата на САД и Европа. Во истиот тој период се започна соработка со Италијанскиот бренд Tazzeti кој произведува фреони кои ги задоволуваат највисоките стандарди при употреба во индустријата. Со тоа може да излеземе во пресрет на сервисерите на авто клима системи кои побаруваат квалитетен фреон по добра цена.

Се надеваме нашата понуда за соработка ќе стане дел од Вашата понуда на услуги.

За повеќе информации:
078 237 883