Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

ТУРБИНИ

Постојат многу различни проблеми кои предизвикуваат дефекти кај турбополначите, и може да се поделат во пет групи и тоа:

1. Недостаток на масло или касно продирање на маслото
Како турбото се врти со голема брзина, до 100.000 вртежи во минута, потребата за масло односно подмачкување е од суштинско значење. Дозирањето на маслото се бара во точно одредени севенци и количина и конкретен притисок притисок со цел да го направи следното:

(а) Да ги подмачка осовината и лежиштата

(b) Да ги стабилизира ротирачкото вратило и лежиштата

(c) Служи како течност за ладење при високо брзини на турбополначот

Како брзина на турбополначот и оптоварувањето на моторот се зголемува, така потребата за масло како лубрикант и како течност за ладење се зголемува. Ако има одложување на дозирањето на масло за еден краток период на време, настанува грешка во работењето на турбото. Одложувањето може да се препознае многу едноставно преку плавата боја која ќе се појави на на лежишта или вратило. Плавиот дел е едноставно бојата на вратило кога е изложена на високи температури.

2. Надворешни честички или нечистотија во системот за подмачкување
Голем број на корисници, погрешно, претпоставуваат дека доколку моторот работи со нечисто или загадени масло, филтерот за масло ќе ја отстрани секоја нечистотија или мали честички пред нафта да стигне до моторот или турбото, што во нашиот случај, за турбополначот и лежиштата би значело „Многу скапа грешка“. Сите овие материјали може да предизвика оштетување на лежишта кога нивната количина е доволна за да предизвика оштетување на носачите и лежиштето или доколу овие честичкисе доволно големи, да го блокираат доводот за масло на турбото и така да предизвика единицата да остане сува и не доволно подмачкана. Лежиштето на турбото откажува пред да се случи истото со лежиштето на главата на моторот, едноставно поради фактот што турбополначот ротира со многу повисоки брзини од моторот. Единица со 80.000 rpm ќе има брзина на врвот на сечилото на компресорот  од 700 милји на час. Нови дизајни на турбополначи имаат брзина на врвот на сечилото од над 1.000 милји на час.

3. Дефекти поради маслото
Подмачкувањето со масло е многу важен дел од работата на моторот и иако модерните технологии за производство на масло обезбедуваат добри масла, ние се уште имаме два основни проблеми со кои се соочуваме:

(a) Расипување/разложување на маслото: на високи температури кои се присутни во модерните дизел мотори, може да предизвикаат маслото да попушти или комплетно да се разложи. Ова разложување произведува јаглеродни остатоци, кои се лепат на моторните прстени и предизвикуваат други проблеми. Оксидирањето е предизвикано од јаглеводороди во маслото мешани со кислород; ова произведува органски киселини кои ги има во два основни типа: оние со ниска точка на вриење и оние со високо корозивни својства.

Овие производи се одговорни за неколку од проблемите на дизел моторите и турбополначите. Ако се дозволи киселините да станат концентрирани, тие ќе ги нападнат лежиштата, предизвикувајќи вдлабнувања и последователно уништување. Исто така, тие реагираат на останатото масло и се формира талог, кој се депонира во моторот, особено во филтрите и го отежнува работењето на турбополначот. Потешката оксидација предизвикува да се појави тежок лак. Кога ќе се дозволи да се акумулира оваа нечистотија во маслото, кое исто така минува низ турбото со помош на центрифугалната сила од ротирачкото вратило истото се лепи на ѕидовите и внатрешните површини на турбото каде што може да предизвика попречување на слободниот проток на масло. Со време, наталожувањето ќе предизвика проблеми со одводнувањето на маслото, што резултира со протекување на масло од турбината. Ако оваа материја се дозволи да се акумулира на турбината, поради топлината ќе предизвика печење и резултатот е обично нерамнотежа на пропелерите во турбополначот.

(б) Надворешна контаминација: Досега имавме краток поглед на проблемите со маслото  предизвикани од промени во масло, кои обично се предизвикани од неговата изложеност на топлина и воздух. Сепак, ние исто така мора да се разгледа и други можни причини за дефекти.

Помеѓу нив се и производите од согорување на горивото, како што sе пепел, саѓи, недосогорени тешки крајни продукти на гориво и вода. Сите овие елементи предизвикуваат контаминација на маслото. Самиот мотор  придонесува маслото да се разредува и истото, полно со честички да дојде до турбото каде може да предизвика потешки оштетувања на лежиштата. За крај, и страните тела кои може да стигнат до моторот, како што се прав и нечистотии, влегува во цилиндрите преку системот за довод на воздухот.

4. Страни тела во издувните гасови или системот за филтрирање на воздух
Било каков материјал, која влегува во овие системи, без сомнение, ќе го оштети турбокомпресорот, но може да го оштети и моторот. Турбополначот е прецизен инструмент каде неговата ранливост станува веднаш очигледна дури и при првиот пат кога вакви страни честички би пошле во системот; штетата ќе биде на тркалата со што може алуминиумски парчиња да влезат во моторот, што резултира со оштетување на моторните клипови, вентил, постелка и, по можност, вратилото.

Овоие типови на материјал се разликуваат па така тие може да бидат во вид на прав во системот за воздух па се до фрагменти од вентилите во издувниот систем. Исто така, треба да се напомене дека доколку вакво страно тело остане во овие системи, турбото ќе реагира со губење на моќта, црн чад, прекумерна употреба (трошење) на масло и истекување.

5. Материјали и изработката
Се користат исклучиво само квалитетни и поверливи материјали на кои се врши постојана проверка на квалитетот со цел да се исполнат OE спецификациите. Турбо полначот е веројатно најголемата неразбрана компонента на моторот, и недостатокот на знаења од страна на сопственикот, ги прави услугите кои се вршат на турбополначите многу тешка област на работа. Како што видовме, турбото ја зголемува силата на моторот за околу 30 %; тоа нема да промени никаква оперативна карактеристика на моторот, туку само ќе го направи она што моторот му го задава како наредба. Изворот на енергија за турбополначот се отпадните гасови произведени од моторот и оваа моќ се контролира од страна на протокот на гасови, притисокот и температурата. Доколку има дефект на моторот или абнормален работен режим во моторот, турбополначот нема да го надмине проблемот, напротив голема е веројатноста проблемот да се потенцира при работата на моторот. Од ова следува дека дури и при промена на единицата не секогаш ќе се реши проблемот. Доколку се сомневате, треба да се консултира оригиналниот прирачник за опремата на возилото.