Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

За нас

КАР СИСТЕМ дооел е друштво за трговија и услуги. Главна дејност ни е увоз и вградување на ТНГ (плински) системи во автомобили. Застапници сме за неколку светски брендови  меѓу кои ги STAG, и Apolo, меѓутоа соработуваме со повеќето водечки призводители од оваа област се со цел квалитетно обслужување и задовлување на потребите и можностите на клентот.

Искуство што го стекваме работејќи во оваа дејност и нашата определба да бидеме посветени на квалитетот а не на квантитетот, како и следењето на светските достигнувањеа во оваа област ни даваат за право да кажаеме дека имаме можност целосно да одговориме на зголемените потреби на пазарот, кој веќе започна со правилна селекција каде се побаруваат пред се квалитетни прозвод и услуга. Повеќе годишното опстојување и големиот број задоволни клиенти се доволен доказ.

Квалитетните производи од реномираните брендови кои ви ги препорачуваме и сертификатите Ви гарантираат квалитена услуга и квалитет.

Широкиот спектар на производи што се понудува на пазарот не значи дека секој е достоен да постане дел од вашето секојдневие. ТНГ системот преставува надоградба на вашиот автомобил со цел поекономично да го користите, но без загуба на перформансите кои фабрички ги има самото возило. Квалитетот и правилното комбинирање на компонентите се едни од битните услови ситемот за ТНГ (плин) да функционира беспрекорно, токму тоа Ви го нудиме. Се разбира и состојбата на вашето возило е битен фактор. Од таа прчина ние Ви нудиме производи претходно тестирани и одобрени со сите сертификати за квалитет.

Исто така еден од клучните фактори за квалитетна работа на моторот на Вашето возило при користење на алтерантивно гориво секако се и свеќичките. Ви ги препорачуваме првите и неповторливите специјално дизајнирани свеќички за ТНГ (плин) од асортиманот BRISK.

BRISK SILVER се специјално дизајнирани свеќички со сребрена електрода, за возила кои користат алтернативно гориво, плин.  Долгогодишното искуство, иновациите и следењето на развојот и потребите на автомобилската индустрија и констатнтното прилагодување кон истата придонесе БРИСК да остане помеѓу водечките производители на свеќички.

Од неодамна КАР СИСТЕМ дооел стана застапник на брендот SkyTel TravelSIM. Од сега вашите деловни и туристички патувања ќе бидат со значајно помали трошоци за телефонски услуги во роаминг, бидејќи TravelSIM е вашиот нов верен и корисен сопатник на сите светски дестинации.