Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

M+S - Гуми за во зима или за сите сезони ?

 

M+S ознаката на авто гумите го има следното значење:

  • M (Mud)Кал
  • S (Snow) Снег

Оваа ознака може да ја видите на зимските гуми и на гумите за сите сезони. Со закон, зимските гуми мора да се обележани со посебни ознаки во облик на планина која има снегулки во средината. Оваа ознака е доста важна и ни кажува дека гумите се за употреба во зимски услови, односно дека се за употреба во улжслови на температура пониска од 7C°.

Покрај знакот, планина со снегулки, може да се најде и M+S ознаката. Ова е ознака која дава до знаење дека гумите се предвидени за кал и снег. Тоа е важно за возачите кои се движат по терен кој не е асфалтиран и каде има кал. Ознаката M+S не гарантира дека гумата не е ниту подобра, ниту полоша на снег и во зимски услови.M+S Gutmi

Луѓето често грешат со тоа што сметаат дека M+S гумите се за сите сезони, што нажалост и не е точно. Доколку е гумата наменета за сите сезони, таа мора да поседува ознака ALL SEASON или мора да стои напомена во декларацијата од произведувачот, а која е воедно и дел од гаранцијата. На ALL SEASON, односно на гумите за сите сезони може исто така да се види и ознаката M+S, што значи дека гумата одговара за снег и кал, а ALL SEASON ознаката ни говори дека истата може да се вози во сите временски услови.

Секако дека гумите за сите сезони не можат да ги имаат истите перформанси како и гумите со посебна намена за зима или лето. Проблемот е во тоа што не може да се направи компонента со добар однос на силикон. Таквите гуми добро ќе се однесуваат во одреден температурен распон, но при голема жештина ќе биде премногу мека, или при пониски температури, премногу тврда. Поради овие причини, таквите гуми, не можат да ги имаат истите перформанси како наменските. Трагата на кочење ќе биде значајно подолга, држењето на пат полошо, полоша економичноста, а потрошувањето на самата гума ќе биде побрза.

Затоа најдобро ќе биде да се купат два сета на гуми и да се менуваат во зависност од годишните времиња.