Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Технологија на протектирање

Процесот на обнова на половните гуми, односно протектирањето, се состои од замена на гумата и обновување на првобитната структура. Техночки гледано тоа е доста сложен процес, но доколку добро се познаваат структурата на материјалите и производот, како и барањата кои се однесуваат на производството и кнотролата на квалитетот, се добива нови гуми со исти карактеристики како и оригиналот. Овој темелен технолошки процес, заедно со совршено обучен тим, овозможува компанијата INSA TURBO да гарантира за квалитетот на својот краен продукт.

Обновувањето на гумите се состои од следните фази:

ПОЧЕТЕН ПРЕГЛЕД

Почетен преглед, на кој мора да помине секоја половна гума, е најважниот чекор во целиот процес. Оваа фаза дредува дали е една гума погодна за протектирање или има непоправлива штета, некои недостатоци или е премногу стара за употребување. Почетниот преглед подразбира:

Визуелна инспекција

Надворешна инспекција: се проверува дали е дојдено до раздвојување на гумата, оксидација, длабоки или широки иссекотини, дефект на перлата, старост…

Внатрешна инспекција: при внатрешна инспекција се проверува внатрешниот дел на гумата. Се проверува внатрешниот ѕид дали е мек или шуплив, дали има дупки, убоди и слично. Сите податоци на крајот се запишуваат и се носат во посебна евиденција. Tehnologija 1

Инспекција за притисок

Во оваа фаза гумата прво се пумпа на 2бари и доколку не се детектира никаков проблем, се допонува на 8бари се со цел да се провери дали има некое раздвојување на жиците или некој “клобук”(брух). Доколку се открие било каков дефект, гумата се отфрла за понатамошна обработка. Tehnologija 2

Sherographer

Овој метот укажува на промени во структурата на гумата под стрес. Куќиштето поминува низ процес на ака инфлација и дефлација (надувување и издувување), додека ласер ја скенира нејзината внатрешност.

Tehnologija 3

Брусење

Откако гумата ќе ги помине прегледите и се докаже дека е способна за обнова, доаѓа фазата на брусење. Во оваа фаза, механички се одстранува старата гума и се остава груба површина која е спремна за примена на нов газечки слој. Овој прцес е строго контролиран од страна на компјутер, а за брусењето се користат високо-технолошки машини со специјални сечила. Доста често се случува избрусеното куќиште да биде подобро избалансирано и поправилно обликувано за разлика од оригиналот. Tehnologija  4

ОБНОВА

Во оваа фаза процесот на протектирање, гумата повторно се испитува како и во првата фаза. Откако ќе помине фазата на испитување, во зависност од намената, се врши ладен или топол протект.

Процесот на ладна протекција подразбира лепење претходно припремен газечки слој, на куќиштето. Овој процес е застарен и воглавно се користи за теретни и полутеретни програми.

Топол протект, познат и како “Bread to Bread molding”, подразбира комплетна обнова на старата гума. Овој процес подразбира нанесување на сирова гума на куќиштето, греење до точка натопење и во калатот, под висок притисок, соединување во една компонента.

Топлиот протејт најмногу се користи за гумите за патнички возила.

Protektirani Gumi

INSA TURNO компанијата ги поседува сите потребни EU хомологации за протектирање на гумите кои ги има во понуда. Гаранцијата на INSA TURBO протектираните гуми е 2 години!