Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Протектирање

Протектираните гуми во светот се познати како “ retread, recap, remold ”.Протектирањето на гумите е повторен процес на произведување кој подразбира замена на стариот нагазен слој со нов. Процесот за протектирање на гумите е околу 20% поефтин од процесот на производство на нови гуми.

Намена

Примената на протектираните гуми, во пракса, може да ја сретниме кај авионите, камионите, автобусите, тркачките автомобили. Од 2008 година, протектираните гуми, масовно почнуваат да се користат и кај патничките автомобили.Во прилог на тоа говори и фактот што во 2006. година во Северна Америка се продадени 17.6 милиони протектирани гуми.

Производство

Постојат 3 процеси на производство на протектираните гуми.

Во првиот процес се врши ладно протектирањe. Овој начин на протектирање подразбира лепење на претходно формулираниот газечки слој со специјален лепак, на припременото куќиште(обработена стара гума). Во овој процес посебно се прави газечкиот слој за секоја гума и димензија.

Во другиот процес се врши таканаречено топло протектирање. Во овој процес се нанесува сирова гума на куќиштето и посе тоа се става во калат, каде се загрева до точка на топење и под висок притисок се соединуваат компонентите во една.

Третиот процес кој е исто така и најдобар процес на протектирање на гумите се вика “Bead to Bead molding”, а подразбира комплетна обнова на гумата од едниот бочен до другиот бочен ѕид. Старата гума се обработува комплетно така што се вади старата гума од сите страни, до самата перла (жици). После тоа се нанесува сирова гума, како на газечкиот слој така и на бочните ѕидови. Припремената смесе са става во специјален калап, каде компонентите под голем притисон и до точка на топење се соединуваат во една компонента. На формираната гума се втиснуваат сите ознаки на новиот произведувач (датумот на произведување, индексот за брзина, хомологацијата) и истите карактеристики како нова гума.

Protekt                                           Протектирани гуми – Прописи

Европа – Сите гуми мора да бидат произведени по ЕУ законите, ЕЦ регулација 108 (авто гуми) или 109 (гуми за комерцијална возила). Од јануари 2006 година законот важи за сите земји на Европа и налага да протектираните гуми мора да се произведуваат по највисоки европски стандарди. Тоа значи дека сите произведувачи кои работат со протектирани гуми мора да потпишат договор со кој се обврзуваат дека ќе ги тестираат под исто оптеретување и при иста брзина како и новите гуми. Споменатата регулатива помогна да од овој тип на гуми се очекува квалитет какв што има и кај новите гуми и да протектираните гуми постигнуваат исти перформанси како и новите !

САД – Одделот за транспорт (сообраќај) на САД бара ставање на DOTR знакот кој сдржи име на произведувачот и датум на протектирање. Според нивното истражување, сообраќајните несреќи, најчесто се предизвикани од гуми со лошиот притисок или од “ќелави” гуми. Гумите кои се во добра состојба, без разлика дали се тоа нови или протектирани гуми, не предизвикуваат сообраќајни несреќи.

Evtini Gumi