Секој тип на гуми има своја ознака, додека некои ознаки се дел од секоја гума. Значењето на симболот RF (Reinforced) e појачана гума, XL (Etra Load) е гума за поголемо оптеретување, RFT, ROF Run-Flat или Run-On-Flat е посебна конструкција на гуми кои овозможуваат продолжување на возењето и кога гумата е пробушенаи со неа возењето може да продолжи со намалена брзина (до 90 km/h) и само до првиот вулканизер (до 160km).
DOT Датумот на произведување на гумата. На пример DOT 1405 = произведено во 14-та недела од 2005-та година. Кога купувате гуми обрнете внимание на овој податок.
Во продолжение ви приложуваме табела со сите ознаки кои можете да ги сретнете при купување на гуми.
Симбол | Значење |
RF | (Reinforced) Зајакната гума. |
XL | (Extra Load) Гума за поголем терет (товар). |
RFT,ROF | (Run-Flat или Run-On-Flat) е посебна конструкција на гуми која овозможува да се продолжи возењето дури и кога гумата ќе се руши. Возењето може да се продолжи со намалена брзина (до 90km/h) и само до првиот вулканзер (до 160 km). |
DOT | Датумот на произведување. На пример : DOT 14050 = произведена 14-та недела од 2005 година. Кога купивате гуми обрнете внимание на овој податок. За повеќе информации погледнете го текстот за старост на гуми. |
M+S | (Mud + Snow – за кал и снег) На зимски и четири сезонските гуми, означува дека гумата може да се користи и како зимска гума. |
TL | (Tubeless) Пневматик кој нема внатрешна гума. Сите современи авто гуми се од овој тип. |
TT | (Tube Type) Пневматик кој има внатрешна гума. |
Made in | Земја на производство. |
TWI | (Tread Wear Indicator) Индикатор за истрошеноста на гумата – покажува кога гумата треба да биде заменета. |
C | Гуми за лесни теретни возила (комбиња, камионети) пр. 185 R14 C. |
E10 | Европски хомологациски број (бројот ја означува земјата каде е извршена хомологацијата). |
TUBELESS | Пневматици без внатрешна гума, пумпани со воздух под притисок. |
TREDWEAR | Treadwear е релативен индикатор за истрошеноста на гасечкиот слој на гумата кој покажува колку повеќе ќе трае (шарата) на една гума во споредба со друга при исту услови на користење. |
TRACTION | Ја означува способноста на запирање (кочење) на влажен пат, на права линија, мерено во стандардни контролирани услови. |
TEMPERATURE | Индикаторот за температура покажува колку се гумите отпорни на температура “A”е највисока, “C” е најниска отцена. |