Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Датум на производство

Датумот на производство се наоѓа покрај индексот за брзина и носивост и е еден од важните фактори кои треба да влијаат при купување на гумите. Секоја гума мора да има втиснат датум на производство. Состојбата на гумата со постар дадум на производство зависи од нивното складирање. Условите за складирање ги пропишува Европската Техничка Организација за гуми и бандажи (фелни) (European Tyre and Rim Technical Organization). Прописно складираните гуми не смеат да бидат изложени на сончеви зраци, високи температури, големи осцилации во температурата, влажноста, агресивни хемикалии, улја, озон итн.

Во зависност од земјата, прописите се разликуваат. Гумите се употребливи и добри , во просек, до 5 години старост, а мора да се заменат после 10 години од производството.

Што е DOT?

DOT е кратенка која значи Department Of Transport (Оддел за транспорт/сообраќај). Овој симбол ја означува усогласеноста на производот со безбедносните стандарди на САД Одделот за сообраќај.

Што значат ознаките после кратенката DOT?

После катенката DOT воглавно се наоѓаат некои ознаки во вид на букви и бројки. Тие ознаки го претставуваат кодот на фабриката и нивната инсталација, а кај повеќето гуми и идентификациски број. Последните четири броеви го претставуваат датумот на производство.

Во овој слулај DOT 5008 значи дека гимата е произведена во 50-та недела од 2008 година