Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Основни ознаки на гумите

Секоја гума мора на својот бочен ѕид да содржи одредени информации. Според законите на ЕУ, гумите мора да содржат информации како што се : име на произведувачот, датумот на производство (DOT), индекс за брзина и носивост, итн… INSA TURBO гумите се произведуваа во Шпанија, односно ЕУ, и ги исполнуваат сите барања од европските закони за производство на гумите.

Што значат ознаките на гумите ?

 Osnovni oznaki 1Osnovni Oznaki 2

пример : 205/55/R16, каде

205 – ширина на гумата (Газечка површина – протектор) во милиметри
55 – Профил на гумата (серија) – односот помеѓу висината на бочниот ѕид и ширината на газечката површина (протектот) изразен во проценти. Во овој случај висината е 55% од ширината на гумата.
R – ја означува радијалната конструкција
16 – Дијаметар на бандажот по ивици

ИНДЕКС НА НОСИВОСТ НА ГУМИТЕ

Пример: 91V е:

91 – Максимално оптеретување кое може да се прочита од табелата на носивост. Во овој случај бројот 91 значи дека оваа гума може да издржи максимални 615kg оптеретување. Во долунаведената табела може да видите кој број се однесува на која носивост.

Osnovni Oznaki tabela 1

V – Индекс за брзината. Оваа ознака ја означува максималната брзина коај гумата може да ја поднеси при дозволеното оптеретување, во овој случај 240km/h. Индексот за брзината може да се најде во табелата со индекс за брзина. Гумите со поголем индекс за брзина се поскапи, поради тоа што имаат посебна смеса која им дозволува да постигнат поголема брзина и подобрено управување.

ИНДЕКС ЗА БРЗИНА ЗА ГУМИ

Индексот за брзина или SI (Speed Index) е алфабетски кај кој одговара максималната брзина која гумата може да ја поднесе. Индексот за брзина се обележува со буква, а во долунаведената табела може да видите која буква одговара на која брзина.

Osnovni Oznaki tabela 2

*Кај гумите со индекс за брзина Z, индексот е составен дел од димензиите на гумата што и ја објаснува ознаката ZR.

Не е препорачливо да се употребваат гуми со помал индекс за брзина од оној кој стои на оригиналните гуми или кој е препорачан од страна на произведувачот на автомобилот. Од друга страна, прифатливо е да се користат гуми со поголем индекс за брзина. Доколку при промената на гумите сакате да ги промените и димензиите на гумите, потрбно е да употребите калкулирање за димензиите на гумите и да ги погледнете основните правила за промена на димензиите.

Во зима е прифатливо да монтирате гуми со помал индекс за брзина (за еден степен). На пример, ако вашите летни гуми имаат V индекс за брзина, можете да употребувате зимски гуми со H индекс за брзина.

Произведувачите на гуми го пресметуваат индексот за брзина со користење на гуми кои се во добра состојба. Вредноста за брзината во горенаведената табела не се исти доколку вашите гуми се оштетени, не се под притисокот кој одговара на нив, или се под поголемо оптеретување од препорачаното.

Исто така треба да се земе во предвид дека индексот за брзина се мери на автопатите во Германија, каде не постои ограничување на брзината, или на тркачките патеки. Во зависност од индексот, гумите задржуваат извесна количина на топлина, трпат различни видови на оптоварување и се однесуваат различно при различна брзина. Претпазливо возење се препорачува и покрај тоа што на вашето возило имате гуми кои имаат одлично возни карактеристики при висока брзина.

Покрај овие основни постојат и ДОПОЛНИТЕЛНИ ОЗНАКИ НА ГУМИ.

Protektirani Gumi