Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Често поставувани прашања ...

1. Дали протектираните гуми се навистина исто безбедни како и нови гуми ?
-ДА.
Според резултатите од истражувањето на америчкото мнистерство за сообраќај, сообраќјните незгоди предизвикани од неадекватни гуме воглавно се последица на недоволно надувани или “ќелави” гуми. Гумите кои се во добра состојба, без разлика дали се то нови или протектирани, не предизвикуваат несреќи.

2. Колку ќе траат протектираните гуми ?
-Со адекватно одржување, протектираните гуми ќе ве служат колку и новите гуми, доколку се третирани на ист начин. Протектирањето се врши кога ќе се види дека шарките на гумите се со помала длабочина, кога оттисокот е помалце изразен од оттисокот на нови гуми.

3. Дали постојат услови во кои не смее да се возат протектираните гуми ?
НЕ. Со протектираните гуми може да се оди секаде каде би се одело и со нови гуми. Овие гуми секојдневно се употребуваат на авиони, школски автобуси, такси возила, камиони, противпожарни возила.

4. Дали во Македонија е регулирана употребата на протектираните гуми ?
-Промет и употреба на протектираните гуми во Македонија е регулиран со Законот за безбедност во сообраќајот. Према него, протектираните гуми мора да носат озната RETREADED, а минимална гаранција е 6 месеци од моментот на купување.

5. Колкав е уделот на пртектирани патнички гуми во Европа ?
– Според информацијата од европскиот пазар, уделот на протектирани патнички гуми е 1-2 % во Швајцарија, повеќе од 20% во скандинавските земји, додека во Германија е  од прилика 10% за летни и 20% за зимските гуми