Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Летни гуми

После зимата, кога тепмпературата надмине 7°C, потребно е да ги замените гумите со летни, затоа што зимските се преполни со контури и постануваат премногу меки на жешкиот асфат. При поголеми брзини зимските почнуваат да се трошат (контурите/шарките се распаѓаат) деформираат и стануваат несигурни за возење. Исто така доколку гумата е постара, потребно е да ги проверите шарките и нивната длабочина, па доколку нивната длабина е помала од 3mm потребно е гумата да се замени со нова. Во летниот период se препорачува гумите да бидат полнети со азот поради повеќе причини:

  • азотот е погуст од воздухот па гумата потешко губи притисок
  • помало е загревањето на пневматикот и се намалува триењето
  • се продолжува векот на траење на пневматикот поради горенаведеното

Кога летните гуми еднаш ќе се наполнат со азот, потребно е секој месец да се проверува притисокот, додека кај гумите полнети со воздух проверката треба да биде почеста. Многу е важно притисокот во гумите да биде правилен. Најдоборо е да погледнете во сервисната книга на автмобилот, колкав треба да биде притисокон во гумите, поради тоа што тој варира од еден до друг автомобил.

Притисокот во гумите влијае на:

  • безбедноста на патниците
  • потрошувачката на гориво
  • бучноста и удобноста
  • трошењето на гумите и траповите…

Поради лошите патишта, покрај одржувањето на правилниот притисок, порепорачливо е и балансирање на гумите еднаш месечно, или задолжително при промена на летните со зимските гуми и обратно. Редовното балансирање на гумите може да им го продолжи векот на траење на летвите на воланот за повеќе од 30.000 km.

 

ЛЕТНИТЕ ГУМИ ТРЕБА ДА СЕ ЗАМЕНАТ ПРЕД ЗИМА!

Многу е важно да ги извадите летните гуми кога температурите ќе паднат под 7°C и да се стават зимски гуми.