Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Гуми - Квалитет

Insa TurboСега кога се на вашиот автомобил функционира како што треба потребно е да се инвестира во безбедност и удобност. Главната алка која ги спојува двете се авто гумите, односно пневматици. Материјалите од кои се изработени, правилно искористени и избрани на димензии, даваат безбедност на секој возач.

  • Подобра контрола со подлогата
  • Помали трати при кочење
  • ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ НА ПАТОТ!
  • Полесно и потивко возење
  • Продолжен животен век на трапот и амортизерите
  • ПОМАЛА ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО!

Многу е важно да се користат летните гуми во лето, а зимските гуми во зима. Летните и зимските авто гуми се изработени и тестирани во различни услови и се наменети за различни годишни времиња. Доколку гумите се користат во погрешно време, однсно погрешни гуми за некое годишно време, нивниот век на траење драстчно се намалува, доаѓа до пропаѓање на материјалот од кој се изработени, лош контакт со подлогата, загрозена безбеднос на патниците, поголема потрошувачка на гориво, побрзо пропаѓање на траповите…

За да се ова биде испочитувано, секој возач би требало да купи мнимум два комплети на авто гуми, летни и зимски, и да ги менува како што се менуваат годишните времиња. За ашите услови ове е доста скапа инвестиција.

Поради таа причина вработените во нашата фирма започнаа потрага по решение. Целта на потрагата беше да се пронајдат добри и квалитетни авто гуми кои ќе ги задоволат сите потреби на возачите и обезбедат сигурно и безбедно возење, сето тоа по цена прифатлива за сечиј џеб.

После долготрајните истраѓувања и многубројните состаноци со различни производители на гуми, нашата фирм потпиша договор со шпанската компанија INSA TURBO – PROTEKT. Овие гуми ги поседуваат сите потребни хомологации и сертификати за безбедност и екологија. Ги задоволуваат сите потреби на возачот и гарантираат сигурност, удобност и економичност. Исто така материјалите кои се користени за произведување на овие гуми потполно се ECO FRIENDLY (еколошки прифатливи)

Секој ден се појавува нова безбедносна опрема: воздушни перничиња (AIRBAG), систем за сопирање (кочници), безбедносни каиши, разни електронски уреди… но сите забораваат дека единствената точка на контрола помеѓу возилото и површината се гумите.

Гумите мора да држат тежина, го пренесуваат забрзувањето и кочењето, го насочуваат возилото и учествуваат во стабилноста, амортизацијата и удобноста на возилото. Само професионалците вистински ги разбираат технолошките напори како што се дизајнот и изработката на пневматикот. Многу строгите технички контроли овозможуваат да се формира едно тело, од куќиште и нагазен слој, сигурно и безбедно исто како и пред протектирањето.

Протектираните гуми се имаат покажано како сигурни и трајни гуки (исто како и новите) како во сите лабораториски тестирања така и на патиштата после долгогодишно практично користење. Сигурноста на овие гуми е испитана така што гумата е тестирана во најтешките ситуации. Доказ за тоа е што сите авио компании во светот користат протектирани пневматици! Поради тоа протектираните гуми секојдневно се користат на автобуси, други теретни камиони, на трки, од страна на професионални возачи и крајни потрошувачи.

Денес TRIB (Информациско биро за протектирани гуми) тврди дека протектираните гуми се избир на поголемиот број на менаџери задолжени за возните паркови. Исто така истакнуваат  и дека северноамериканската камионска флота купува две протектирани пневматици по цена за еден.

INSA TURBO протектираните гуми имаат добиено најпрестижн национални и меѓународни награди, кои го потврдуваат квалитетот на нивните пневматици. INSA TURBO пневматиците се безбедни за користење исто како и новите гуми. Исто така поседуваат исти перформанси и се подеднакво квалитетни и удобни како новите гуми. Според горенаведеното, INSA TURBO протектираните гуми траат исто колки и новите, а нивната цена е многу помала по преминат километар.


INSA Turbo Kvalitet 1
RBI’s Технолошка иновација

Награда доделена за иновација и примена на најсовремена технологија во истражување, проектирање и производство на протектирани пневматици

INSA Turbo Kvalitet 2

Sertifikat ISO 9001:200

AENOR потврда за регистрација на произведувач и дистрибутер за протектирани пневматици

INSA Turbo Kvalitet 3

INSIA сертификат

Потврда за квалитет на производство, одобрена од страна на Универзитетот за Истражување на Автомобили

INSA Turbo Kvalitet 4

U.S. Department of Transportation Certificate

Сертификат, издаден од страна на Одделение за сообраќај САД, со кој се овластува компанијара INSA TURBO да продава и дистрибуира свои гуми во САД и Канада

INSA Turbo Kvalitet 5

ISO 14001 систем за управување во животна средина

Официјално одобрување, одобрено од страна на одделението за индустрија и енергетика

INSA Turbo Kvalitet 6

Еколошка посветеност

Главна цел на компанијата INSA TURNO е заштитата на животната средина. Рециклирањето од секогаш било во духот на нивната компанија

Zimski Gumi