Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Зимски Гуми

Со цел да се заштитите самите себе, вашето семејство, автомобил и сите учесници во сообраќајот, мора да поседувате зимски гуми, и покрај тоа што со закон е пропишано користење на зимски гуми во период од 1 ноември до 1 април, само кога има снежни врнежи или кога на патот има мраз или голомразица.

На температура под 7°C гумите почнуваат да ги губат перформансите. Во прилог на тоа, говори фактот што во текот на зимата, бројот на сообраќајните несеќи се 6 пати поголеми одколку во летниот период…

Зимските гуми се конструирани така да ја оттргнуваат водата која се наоѓа под гумата и на тој начин да го намалат ризикот од аквапланинг. Топлината која настанува поради триењето на гумата и подлогата ја топи површината на мразот и прави тенок стој на вода кој е лизгав.

АКВАПЛАНИНГ

Аквапланинг (хидропланинг) е појава која се случува кога возилото со својата тежина не може да ја истисне водата на потот од под гумите. Танкиот слој на вода кој останува помеѓу гумите и подлогата предзвикува лизгање на возилото. При критична брзина, вообичаено 55-90km/h, возилото губи контрола со подлогата и доаѓа во опасност да излета од патот.

 Ситните пори кои се наоѓаат во газечката површина на зимските гуми ја оттргнуваат водата, со што обезбедуваат стабилност на возилото на влажен пат. Имаат значајно подобри перформанси и пократок пат при запирање, при кочење благодарејќи на подлабоките шарки.

Zimski Gumi Kocenje

На мраз, со летни гуми, при брзина од 30km/h, запирањето при кочење изнесува 68m, а со зимски гуми 57mдоволно за да се избегне судар.

Зимските гуми се правени од специјален материјал, односно смеси со додток од силикон, кои подобро се однесуваат при ниски температури и го прават базбедно, тивко и удобно возењето. Зимските гуми, за разлика од летните, не постануваат тврди при нистки температури.

Пресметката кажува дека се исплати користењето на летните гуми во летната сезона а зимските гуми во зимската. Заштедувате со тоа што користењето на четири летни и четири зимски гуми во сезоните ќе ве чинат исто колку да користите чети летни гуми во текот на целата година! Исто така се препорачува ставење на зимските гуми на сите четири тркала поради тоа што во спротивно може да дојде до прлизгување и занесување на возилото во кривини.

Покрај обврзувањето за користење на зимски гуми за автомобилот, во зимскиот период, возачите имаат обврска и да имаат и ланци за снег во автомобилот, односно и други уреди за зголемување на тракцијата (триење), кои задолжително мора да се постават на барем две погонски тркала, доколку наидат на дел од патот каде со сообраќаен знак се предвидува задолжителата зимска опрема.

Со исклучок на населените место, каде нашето возило не мора да биде опремено со ланци, односно други уреди за големена тракција.

Автомобилските гуми наменети за возење во зимски услови, покрај вообичаените ознаки имаат и дополнителни ознаки.

Зимски гуми – ознаки:

  1. M+S, MS или M&S – Снег и кал (Mud and Snow)
  2. All Season – гуми за цела година, за сите временски услови (потешко може да се најдат). Немаат перформанси на снег како вистинските зимски гуми.
  3. Симболот Снегулка или Планина, а може и двете – Вистинска зимска гума.

Zimski Gumi