Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

ВЕНТУРИ СИСТЕМ - 1€ = 61,66 денари

ВОЗИЛА СО КАРБУРАТОР

За успешно надоградување со ЛПГ систем на возило со карбуратор потребно е да одберете компоненти во зависност од снагата и моделот на возилото и да се одлучите за една од двете технологии со кои може да се изврши надоградбата.

Првата опција за надоградба на ТНГ на возило е ВАКУМСКО-ПНЕВМАТСКА. Втората опција е попозната како ЕЛЕКТРОНСКА. Ова е всушност понова но и со повисока цена, но работата на целиот систем е со подобар квалитет.

ВОЗЛИЛА СО ИНЏЕКШН ВБРИЗГУВАЊЕ СО И БЕЗ ЛАМБДА СОНДА – МОНОПОИНТ

Процесот на инсталација и спецификацијата на деловите од системот за надоградба на возило со ТНГ за возила со инзекшн вбризгување е многу слична како онаа кај карбураторските возила. Разликата е во тоа тоа што се користат комплекси и посовремени компоненти со електронска контрола (прекинувач и редуктор-испарувач). Мешачот (миксер, плочка) во ова технологија е клучната компонента за поголема снага и помала потрошувачка.

Технологијата за надоградба на возилото е иддентична како Електронската за возила со карбуратор. Разликата е во прекинувачот како и во непотребноста на електовентилот за бензин кој во овој случај е заменет со емулатор кој го поврзува прекинувачот со електронските дизни. Преку емулаторот се контролира протокот на бензин. Во никој случај не дозволувајте вградувањето на емулаторот да го замените со пресекување на дизните и вградување на релиња.