Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Direct Petrol Injection

Direct Petrol Injection – DPI уредите се наменети за возилата чии мотори ја поседуваат најновата технологија на директно вбризгување на горивото во цилиндрите. Најчестите ознаки на овие мотори се TSI, TFSI, FSI, DISI, VRS и други. Овие уреди се со специјално одредени мапи кои ја задоволуваат потребата од прецизно дозирање на плин во моторот со цел да се обезбеди добра работа на моторот, односно моторот да функционира исто како што функционира и кога го користи бензинот како погонско гориво.

Компонентите кои ќе бидат вградени на едно вакво возило се определуваат според три параметри кои исто така ја диктираат финалната цена на вградениот плински систем.

  • Според цилиндрите во моторот (4, 6, 8, 12 цилиндри)

Овој параметар влијае на основната цена на уредот. Секој уред оди со определен број на излези (по еден за цилиндар) и не може да се инсталира на возила кои имаат повеќе цилиндри од предвидените.

  • Според моќноста на моторот (според излезната моќност kW:кило-вати; hP: коњски сили)

Моќноста на моторот ги определува дополнителните компоненти кои се вградуваат како дел од плинскиот систем. Најголема важност тука има испарувачот кој е потребно да доведува доволно плин до моторот, односно доволно да го храни моторот со гориво со цел истиот правилно да функционира. Секој испарувач има зададена максимална моќност на мотор која може да ја храни. Ставањето на послаб испарувач резултира со намалување на моќност на моторот, неправилно функционирање, гушење и во најлош случај и трајно оштетување на цилиндрите на моторт.

  • Според брзината на вбризгување на горивото во цилиндрите (дизни со памоло време на вбризгување)

Овој параметар не секогаш има пресудно влијание во компонентите кои се вградуваат како дел од плинскиот систем. Времето на вбризгување на горивото во цилиндарот има огромно значење во правилното функционирање на моторот. Иако голем дел од дизните кои се нудат на светскиот пазар ги задоволуваат основните барања за време на вбризгување, сепак постојат специфични мотори кои побаруваат поквалитетни дизни со пократко време на вбризгување со што автоматски се накачува и финалната цена на инсталираниот уред.

Со цел да не настанат забуни околу потребните компоненти за инсталација на плин и цената на плинскиот систем за вашето возило, контактирајте не на нашите телефонски броеви или преку наведените е-маил адреси на веб сајтот.