Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Платежни картички

Платежна картичка е средство за плаќање, издадено од банкарска или друга финансиска институција. Платежните картички даваат слобода и флексибилност, затоа нивната употреба е се позастапен начин на плаќање во земјата и странство. Плаќањето е едноставно и сигурно.

Дебитните картички на своите сопственици им овозможуваат да вршат плаќања, само ако имаат доволно пари на банкарските сметки. Сепак, повеќето банки даваат можност за одредено пречекорување на сметката, односно им овозможуваат на сопствениците на овие картички да плаќаат иако немаат пари на сметката (да влегуваат „во минус“, т.е. „во црвено“), со што тие, всушност, користат кредит од банката. Со овие картички не пости можност за плаќање на рати.  Visa AEКредитните картички се средство за плаќање со чисто кредитни карактеристики, зашто тие не се поврзани со тековните сметки на луѓето, туку со нивната употреба, сопствениците на картичките веднаш користат кредит од банката. Кај овие картички, потрошувачот има отворена кредитна линија на определен износ, којашто постојано се продолжува. Сопствениците на кредитните картички имаат голема флексибилност во отплатата на долгот, т.е. можат наеднаш да го отплатат целиот искористен износ на кредитот или пак да платат само определен процент од кредитот. Притоа, тие плаќаат камата само на искористениот кредит. Бројот на ратите и камати ги одредува банката. Затоа пред да се одлучите за користење на истата Ве советуваме да се информирате на шалтерите во банката каде што е издадена картичката.

Во последно време постои можност за плаќање на рати без камата, поточно без камата кон сопственикот на кредитната картичка и доколку извршителот на услугите има мжност да одобри безкаматно наплаќање кон клиентите.  Подетално..>>>