Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Кредитни картички

Кредитните картички се средство за плаќање со чисто кредитни карактеристики, зашто тие не се поврзани со тековните сметки на луѓето, туку со нивната употреба, сопствениците на картичките веднаш користат кредит од банката. Кај овие картички, потрошувачот има отворена кредитна линија на определен износ, којашто постојано се продолжува. Сопствениците на кредитните картички имаат голема флексибилност во отплатата на долгот, т.е. можат наеднаш да го отплатат целиот искористен износ на кредитот или пак да платат само определен процент од кредитот. Притоа, тие плаќаат камата само на искористениот кредит. Наспроти тоа, постои и можност за отплата на определен минимален износ од долгот (обично минимум 5% од моменталниот минус), но тогаш банката пресметува и наплаќа камата од денот на извршената трансакција но бројот на ратите е во зависност од тоа колку долго ќе дозволите да бидете во минус. Постојат картички кај кои ратите ги одредува висината на трансакцијата но и картички Бројот на ратите и камати ги одредува банката. Затоа пред да се одлучите за користење на истата Ве советуваме да се информирате на шалтерите во банката каде што е издадена картичката.

Во последно време постои можност за плаќање на рати без камата, поточно без камата кон сопственикот на кредитната картичка и доколку извршителот на услугите има можност да одобри безкаматно наплаќање кон клиентите.

На сите клиенти од НЛБ Тутунска Банка како и на клиентитие од Халка Банка корисници на кредитни картички им нудиме можност за плаќање на рати без камата. Бројот на ратитие е од 12 до 24 во зависност од пакетот услуги за која ќе се одлучите. При користење на оваа можност услугата се наплаќа по редовна цена поточно не се одобруваат дополнителни попусти. Затоа Ве замолуваме пред да извршите плаќање а веќе имате на ум користење на оваа привилегија детално информирајте се.

Доколку кредитните картички ги користите без оваа бенефиција или сте корисник на картичка издадена од друга банка истите се користат како платежно средство и постои можност за користење на дел од акциските понуди.