Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

ДИЗЕЛ ВОЗИЛO НА TNG ИЛИ CNG - 1€ = 61,66 денари

Во зависност од годината на производство и од истрошеноста на моторот дизел моторите согоруваат околу 75% гориво, додека поголемиот дел од остатокот се исфрла во атмосферата преку системот за издувни гасови а дел останува во моторот и се складира во форма на саѓ .
Со вградување на систем зас ТНГ (плин) на дизел моторите се овозможува контролирано вбризгување на мали количини ТНГ во моторот на возилото со што ја оплеменува смесата за согорување и овозможува истата во целост да согори или барем до 99%.

Со вградување на системот на ТНГ во автомобил со дизел мотор постигнувате
∙ Заштеда во пари од 10% до 25
∙ Зголемување на силата на моторот до 30
∙ Зголемување на вртежен момент на моторот
∙ Намалување на штетни издувни гасови
∙ Елиминирање на саѓи од системот за издувни гасови
∙ Намалување на абење и подолг живот на моторот, турбинита, катализаторот и филтерите

Дизел моторот произведува штетни токсични гасови кои представуваат опасност за здравјето и животната средина. Со користење на систем на ТНГ за вашето дизел возило значително ќе се намали количеството на опасни гасови во околината.