Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Вградување и Сервис

schemat_instalacji copyPlinski Ured Ние ви нудиме комплетно вградување (инсталација, монтажа) на ТНГ (плински) систем во Вашиот автомобил. Повеќе од 15 години работно искуство во оваа област, вградување на плински системи во возила, ни овозможи соработнка со повеќе водечки брендови и стекнување искуство и сертификати кои се потврда за квалитетна услуга. AC STAG, Apolo, LPGTech, Landi, Lovato се дел од брендовите со кои имаме соработувано но и и понатаму соработуваме.

Исто така ви нудиме услуги од последната генерација на на вградување на системи на плин за вашето возило со директно вбризгување. FSI, TSI i TFSI моторите се дел од последната генерација возила на кои квалитетно и успешно вршиме надоградување на ТНГ системи.

Сите компоненти кои ги нудиме се со сета потребна документација, фабрички тестирања и светски одобрени атести за квалитет. Гарантираме дека по извршената инсталација без проблеми вашето возило ќе ги помине сите неопходни технички норми за атестирање на вашето возило со вграден плински систем.

Сите потребни информации можете да ги добиете доколку не контактирате.
Plinski Ured

СЕУШТЕ СЕ ПРАШУВАТЕ ЗОШТО ДА ВОЗИТЕ НА ПЛИН?

Економичност
Кога прерачунувате разлика во користењето плин како гориво за вашето возило водете сметка дека потрошувачката на плин е околу 10% повисока отколку користењето на бензин. Економичноста е во тоа што цената на плинот е скоро 50% пониска отколку цената на бензинот, истотака кога користите плин как огориво имате помали трошоци за одржување на возилото.

Влијание на моторот
Авто гасот поради своите карактеристики има поволно влијание врз моторот на вашето возило. Смирена работа на моторот, со тоа и намалена звучност, за 35% продолжен век на работа. Целосно согорување на смесата гас-воздух во цил

индите од моторот не доведува до губиток на гориво во издувните гасови. Поголема трајност на маслото во моторот (подолг временски период ги задржува карактеристиките а со тоа квалитето и времетраењето на користење се продолзжува бидејќи не се раградува со горвито). Не се создава корозија која настанува при присуство на адитиви кои се додаваат во бензинот со цел да се подобрат неговите карактеристики. За дупло се продолжува векот на катализаторите и ламбда сондите, се ослобудуваат почисти издувни гасови ….

Влијание врз околината
Поради своите карактеристики автко гасот (плинот) е гориво кое е најголемиот пријател на околината. Возилата кои го користат авто гасот (ТНГ) како погонско гориво во однос на дизел моторите ни испуштаат чад, цврсти честички и сулфурен о

ксид. Во однос на бензиските мотори не испуштаат олово, произведуваат помало количество на јаглен диоксид и неразградлив јаглеводород.

Предности на вградување на плински систем

  • дупло поевтино возење
  • подолг век на траење на моторот на возилото
  • помало загадување на околината
  • подог век на користење на катализаторите и ламбда сондите
  • Што е потребно да се знае при одлучување дали да се изврши монтажа на плински систем?
    Plinski Ured

Од самите почетоци на користење на ТНГ како гориво за возила најголеми корисници на оваа услуга се жителите од Италија, Јоландија, Англија, Русија, украина, Индија додека на нашето поднебје е во постојан и констатнтен подем во последнве петнаесетина години иако и подоглг период беше понудувано како опција и пополека но сигурно постануваше секојдневие на сопствениците на автомобили. Постапката на монтирање на плински систем (авто гас, ТНГ уред) всушност представува адаптација на додатна опрема за дозирање на ТНГ во моторот. Истата постапка може да се примени на мотори со карбуратор ил исо директно вбризгување, скутери, пловила (чамци) и агрегати. Најмали додатни измени се вршат кај возила со карбуратор и кај возила со една електрична дизна (Single point injection), кај кои може да се каже дека се прават не многу значајни измени бидејќи плинот се дозира во воздух поточно смесата се создава  на исто место каде што се дозира и се создава смесата со воздух и бензин. Додека кај останатите модели на мотори и начини на вбризгување на плинот може да се каже дека се прават поголеми измени бидејќ

и дозирањето на плинот се врши непосредно пред цилиндарот бидејчќи во самиот цилиндар се прави смешата од воздух и плин. Соодветен систем за ове мотори има повисока цена а со самото тоа има и повеќе можности од стандардниот вентурен систем за карбураторски мотори.

Одржување на системот
Плинскиот систем за вашето возило има минимални потреби за одржување. Неопходно е на секои 10,000 поминати километри да се изврши проверка на системот, доколку помалку го коритите возилото доволно е и еднаш во годината. На секои 50-60,000 поминати километри препорачуваме сервисирање на испарувачот (редуктор, распињача). Поради нечистотијата која може да се најде во гасот при неговото преточување потребно е на секои 10,000 поминати километри да се изврши замена на филтерот за гас. Замена или сервисирање на останатите компоненти се врши по потреба но и тоа е многу ретко бидејчќи во многу случаи инсталацијата е подоклговечна од самиот мотор на возилото.

montaza na plinski uredi