Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Вентури Системи

ВОЗИЛА СО КАРБУРАТОР Plinski Sistem
За успешно надоградување со ЛПГ систем на возило со карбуратор потребно е да одберете компоненти во зависност од снагата и моделот на возилото и да се одлучите за една од двете технологии со кои може да се изврши надоградбата.

Првата опција за надоградба на ТНГ на возило е ВАКУМСКО-ПНЕВМАТСКА. Главно одликување на оваа технологија е ниската цена но и квалитетната работа на возилото. Протокот на плинот се контролира со прекинувач и редуктор (испарувач) кој по принцип на вакумско увлекување извлекува плин од резервоарот.

Втората опција е попозната како ЕЛЕКТРОНСКА. Ова е всушност понова но и со повисока цена, но работата на целиот систем е со подобар квалитет. Протокот на плин се контолира со прекинувач и електро-редуктор (испарувач), кои се идентични со оние што се користат за надоградба на возила со ТНГ системи кои имаат мотори со инџекшн вбризгување

ВОЗЛИЛА СО ИНЏЕКШН ВБРИЗГУВАЊЕ БЕЗ ЛАМБДА СОНДА Plinski Sistem
Процесот на инсталација и спецификацијата на деловите од системот за надоградба на возило со ТНГ за возила со инзекшн вбризгување е многу слична како онаа кај карбураторските возила. Разликата е во тоа тоа што се користат комплекси и посовремени компоненти со електронска контрола (прекинувач и редуктор-испарувач). Мешачот (миксер, плочка) во ова технологија е клучната компонента за поголема снага и помала потрошувачка.

Технологијата за надоградба на возилото е иддентична како Електронската за возила со карбуратор. Разликата е во прекинувачот како и во непотребноста на електовентилот за бензин кој во овој случај е заменет со емулатор кој го поврзува прекинувачот со електронските дизни. Преку емулаторот се контролира протокот на бензин. Во никој случај не дозволувајте вградувањето на емулаторот да го замените со пресекување на дизните и вградување на релиња.

Правилно вградениот систем нуди моѓност за оптимално подесување во смисла возилото драстично да не ја изгуби снагата  а сепак потрошувачката да не ги надмине дозволените граници. Оптималното подесениот автомобил нема да изгуби повеќе од 10% од својата снага и нема да надмине 20% зголемена потрошувачка.

ВОЗИЛА СО ИНЏЕКШН ВБРИЗГУВАЊЕ И ЛАМБДА СОНДА Plinski Sistem
Возилата од оваа категорија имаат бензиски компјутер и единствена опција за успешно надоградување со ТНГ систем е секако да се користи систем кој има компјутерска единица. Конторлата на работењето на овој систем е целосно компјутеризирана и доколку инсталацијата на системот се изврши по сите правила и упатства и доколку возилото на бензин работи беспрекорно, еднаш внесените податоци во конторлната единица од системот за ТНГ остануваат засекогаш без можност возлилото или вие самите да направите измена на тие параметри.

За секој автомобил пости посебна, детална и прецизна шема за инсталација. Од самите почетоци на прозводство на ситеми за ТНГ за оваа категорија на возила прозивеодителите прецизираа и советуваа, тоа е така и ден денес , ИНСТАЛАЦИЈА НА ТНГ СИСТЕМ БЕЗ КОНТРОЛНА ЕДИНИЦА НА ВОЗИЛА ОД ОВАА КАТЕГОРИЈА Е ГОЛЕМА ГРЕШКА И ВО НИКОЈ СЛИЧАЈ НЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВА. ВО СЛУЧАЈ НА ВАКВА ПОСТАПКА СНАГАТА И ПОТРОШУВАЧКАТА НА ВОЗИЛОТО НЕ МОЖАТ  ДА СЕ КОНТОРИЛРААТ, РАБОТАТА НА МОТОРОТ Е НЕСТАБИЛНА, СО ПРЕФЛУВАЊЕ НА РАБОТАТА НА ВОЗИЛОТО ОД ПЛИН НА БЕНЗИН БЕНЗИСКИОТ КОМПЈУТЕР ПРИЈАВУВА И ПРЕПОЗНАВА ГРЕШКА СО ШТО СЕРВИСРАЊЕ НА ИСТИОТ ЌЕ БИДЕ НЕОПХОТНО.

Одликување на оваа технологија е тоа што автомобилот работи стабилно и без никакви драстични и приметливи промени. Квалитетно инсталираниот систем и правилно подесените параметри во пракска има до 5% помала снага и максимално до 15% поголема потрошувачка.

montiranje plinski uredi