Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Секвентни Системи

СЕКВЕНЦИОНАЛНИТЕ системи (Sequent) се во суштина системи со директно вбризгување на ТНГ во цилиндрите од моторот на возилото. Системот се состои од Електронска Контролна Единица (ECU), вбризгувачи (дизни, инјектори) и голем број на сензори.

sekvent sistem

СИСТЕМОТ корити сигнали од моторот на кој е вграден (број на вртежи, температура, состојба на издувни гасови, време на вбризгување и момент на вбризгување на за секој цилиндар поединечно) и споствени параметри (температура, притисок и количество на ТНГ во резервоарот). Сите влезни параметри се калкулираат (пресметуваат) во ECU (контролната единица) во реално време и се одредува количество на ТНГ (плин) кое ќе биде вбризгано во секој цилиндар од моторот. На овој начинсе постигнува најоптимално искористување на снагата на моторот во сооднос со потрошувачката на ТНГ.

Кога ќе се земат во обзир карактеристиките на СЕКВЕНЦИОНАЛНИОТ СИСТЕМ тој представува револуција во областа на надоградување на ТНГ (плин) на автомобилите и е единствено можно решение за современите мотори кои содржат се повеќе делови од пластика во својата конструкција. Со вградување на некој од постарите системи за ТНГ на ваков вид на мотори како последица од повратниот пламен, које е неизбежен при работа на возилото, и пластичните делови во конструкцијата на истиот би настанала голема материјална штета.

Основни предности на Секвенционалниот систем  се:

  • максимално искористување на ТНГ (плинот)
  • задржување на перформансите на возилото
  • висока резистенција на системот на повратниот пламент, од таа причина само овие системи бреспрекорно функционираат  се
  • максимално искористување на ТНГ (плинот)
  • задржување на перформансите на возилото
  • високата резистенција (отпорност) на системот на повратниот пламент, од таа причина само овие системи бреспрекорно функционираат на возилата со мотори од последната генерација
  • мали димензии на сите компоненти
  • висока прецизност при работа
  • прилагодливост на сите мотори, можност за програмирање и дијагностика преку компјутер
  • целоста автоматизираност на системот

Што се однесува до користењето на возило на кое е направена надоградба со секвенционален систем за ТНГ, едноставно треба да седнете во таков автомобил и да уживате во возењето. пред се вниманието ќе Ви го привлече многу малиот прекинувач за префлување плин-бензин кој е е воедно и покажувач на нивото на плин во резервоарот. Секое стартување на возилото е на бензин, префрлувањето е автоматско по многу краток временси интервал во зависност од температурата на моторот и бројот на вртежите.

Системот подржува опции кои ги имаат бензинските мотори како што се прекинување на доток на плин при кочење на моторот, заштита од преголем број на вртежи (со што се заштитува моторот од големо форсирање), автоматско врачќање на бензин при недостаток на плин во резервоарот или при било каков друг проблем во текот на работата на моторот, самодијагностика на системот, можност за стартување на возилото исклучиво на плин во случај да дефект на бензискиот систем и многу други опции.

Да резимираме, СЕКВЕНЦИОНАЛЕН СИСТЕМ е систем конструиран се со цел Вие како корисник кога ќе го користите возилото за било каква намена да не почувствувате разлика во квалитетот на возењето, поточно во перформансите што ги нуди вашето возило. Единствена разлика ќе приметите во вашиот паричник од кој ќе се одливаат дупло помалку средства за гориво како и за Вашиот автомеханичар за кој нема да има повеќе работа како претходно околу вашиот автомобил бидејќи 30 годишното искуство покажува дека моторите кои користат ТНГ како гориво многу подолго и поквалитетно функционираат. Колку ќе заштедите ?? Најдобро самите ќе прерачунате, преполовете ги досегашните трошоци.

Montiranje na plinski uredi