Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Принципи на работа

КУТИЈА ЗА МУЛТИВЕНТИЛ (не постоји кај стандарни тородијални резервоари)

auto gasОсновна функција на кутијата е херметички да го изолира мултивентилот на резервоарот од кабината за пантници, тоа се постигнува со ребрасто црево кое се спровед до надворешните делови на возилото. На овој начин, во случај на испуштање на ТНГ, гасот нема да навлезе во кабината со патниците туку ќе биде испуштен вон возилото. Секундарна функција на кутијата е да спречи оштетување на вентилот од полесни физички удари.


МУЛТИВЕНТИЛ

auto gasВентилот се вградува на резервоарот за ТНГ (боца) и има повеќе функции, затоа се нарекува мултивентил.
Сигурносниот вентил реагира доколку се појави многу висок притисок, истиот во таква ситуација го испушта вишокот на ТНГ во атмосферата, спречува неконтролирано испуштање на ТНГ во случај на хаварија со цевките или испарувачот (редуктор), спречува преполнување на резервоарот и го блокира доткот на ТНГ на 80% од наполнетоста на истиот, го затвара дотокот на ТНГ во случај од потреба за поправка на возилото.

РЕЗЕРВОАР

bocaНачесто е со цилиндричен или тородијален облик. Направен е од високо квалитетен челилен лим со дебелина од 3 до 4 милиметри. Капацитетот на истите варира во голема граница, за автомобили се со запремнина од 20 до 120 литри. Секој од резервоарите подлежи под ригурозни тестирања и атестирање на притисок од најчесто 60 до 90 бари. Тородиалните резервоари (со облик на резерно тркало) се произведуваат во две варијанти, за вантрешна и надворешна монтажа. Надворешните се користат кај возила кај кои резервното тркало е од надворешна страна. Од безбедносни причини се препорачува полење 80% од капацитетот.

ПРЕКИНУВАЧ

auto gas beogradОсновна поделба е на “карбураторски” и “инџекшн”. Карбураторските прекинувачи се класични кај кои со прекинувач се избира дали возилото ќе корити бензин или ТНГ како гориво. Електронските (види слика) се автоматски и имаат функција да го менуваат изборот на гориво во зависнот од ота како се компјутерски наштелувани. Предност кај овој тип на прекинувачи е моторот секогаш да се стартува на бензин и во зависност од подесувањата сам да го промени изборот на гориво од бензин во ТНГ во одреден режим на работа. Исто така има опција за стартување на ТНГ во случај на недостаток на бензин.

ЕЛЕКТРО ВЕНТИЛ ЗА ТНГ (во новите сетови е дел од редукторот)

auto gas ventil

Во случај кога моторот не во некој режим на работа и нема доток на струја електровентилот е затворен и спречува доток на ТНГ под притисок од резервоарот да биде дистрибуиран до редукторот (испарувачот).

Електро вентилот представува уште еден вид на обезбедување кога возилото е во состојба на мирување. Составен дел од електро вентилот е и филтер во кој се насобира нечистотијата која е дел од ТНГ. Препорачан интервал за замена на овој филтер е на секои 10.000 поминати километри а по можност и почесто.

РЕДУКТОР (ИСПАРУВАЧ)

isparivacГо намалува притисокот, ја редуцира состојбата на ТНГ од течна во гасовита но има и безбедносна функција. Испарувачот ја регулира состојбата на пормена на состојбата на ТНГ од течна во гасовита така што се загрева со помош на топла вода од моторот на возилото. Мембраната која е составен дел на испаровачот го дели истиот на две засебни половини, низ едната циркулира топла вода а низ другата ТНГ. При мирување
на моторот испарувачот го прекинува понатамаошниот дотокот на ТНГ а со тоа превзема безбедносна функција во состоба на мирување.

MАП СЕНЗОР (со сезнор за температура)

map senzor

Многу битна компонента од системите за ТНГ со директно вбризгување. Со помош на мап сензорот компјутерската единица од системот за ТНГ во секое време знае во кој режим на работа се наоѓа моторот, кое е нивото на температура и притисокот на ТНГ во системот. Системите за ТНГ кои во својот состав имаат мап сензор се многу понапредни и попрецизни во калибрацијата и корекцијата на податоците во однос на системите кои во својите компоненти наместо мап сензор содржат само сензор за притисок.

 

MИКСЕР (МЕШАЧ)

mixerСекој модел на автомобил со мотор со карбуратор или моно има модел на миксер кој е специјално дизајниран. Миксерот се монтира обично на почетокот на усисниот колектор (усисна грана) и преку истиот се внесува ТНГ во моторот. Многу важно е мешачот секогаш да биде од препорачаниот модел бидејќи тоа влијае на прецизното дозирање на ТНГ во моторот. При вистински избор на модел на мешач потрошувачката ќе биде во нормални граници а авотомобилот ќе работи со полна снага.

ПРИКЛУЧОК ЗА ПОЛНЕЊЕ НА РЕЗЕРВОАРОТ (ПОЛНАЧКА)

utakacПриклучокот за полнење мора да биде намонтиран на надворешната страна на автомобилот. Прикучоците се светски стандардизирани со што се овозможува полење на било која пумпа. Според Европските нормативи не е дозволено точење на ТНГ доколку приклучотот за полење се наоѓа на резервоарот како што некогаш беше случај кај многу возила со инталиран систем за ТНГ.

montaza na plinski uredi