Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Предности на употреба

ПРЕДНОСТИ ОД ПРИМЕНА НА ТНГ КАКО ПОГОНСКО ГОРИВО
Заштеда-економичност, продолжување на векот на моторот, мирна и стабилна работа на моторот, согорување без остатоци и пепел …

  • Заштеда-економичност, се манифестира преку цената која е скоро 50% пониска од цената на бензинот
  • Продолжување на векот на моторот – пониски трошоци за одржување. Потенцијал на сите горива во гасна состојба е подолгиот век на користење на моторот што е резултат на непостојаната кондезација на горивото  по ѕидовите на цилиндарите на моторот. Тоа оневозможува корозија и истрошување на цилиндрите на моторот, не го разредува маслото за подмачкување што овозможува одложување на интервалите за замена на маслото во моторот.
  • Смирен и потивок режим на работа. Карактеристиките на Течниот Нафтен Гас одлично одговараат на условите за создавање на смешата за согорување во ото моторите.
  • Согорување без остатоци и пепел. Оваа особина е својствена за сите горива во гасовита состојба бидејќи остатоците во цврста состојба по согорувањето е со незначајно мали количини. Оваа особина овозможува одлична работа на сите компоненти на моторот  бидејќи нема присуство на талог кој може да ја загрози нивнато беспрекорно функционирање. Со самото тоа таложењето во коморите и вентилите е во многу помали количини.
  • Поволен состав на издувните гасови. Квалитетното создавање на смешата за согорување оневозможува локализирање на нехомогена смеса  и овозможува потполно согорување на истата. Работата со сиромашна смеша спречува создавање на токсични компоненти кои се резултат на некомплетно и недовршено согорување (јагленмоноксид СО и несогорен јагленводород  НС), додека пониската температура на согорување спречува создавање на азотни оксиди. Покрај сето ова и самиот гас во својот состав нема токсични состојки како што се оловото, сулфурот итн.
  • Зголемено термичко искористување. Поквалитетното формирање на смешата од гориво и воздух, како и потполното согорување на истата резултираат со зголемено термичко искористување, поточно со зголемена економичност при работата на моторот. На тоа осебено влијае можноста на работа со посиромашна смеша.
  • Согорување со голема брзина. Оваа предност е всушност за сите јаглероводородни горива. Вискоката брзина на согорување овозможува процесот на ослободување на топлина да се одвива за многу краток временски иинтервал од целовкупниот работен циклус на моторот. Ова овозможува процесот на согорување да се одвива и во нискотермичка состојба на моторот, работа при сиромашна смеша, итн.
  • Дуплирање на векот на траење на моторот, ламбда сондата и катализаторот.
  • Зголемување на вредноста на поволното возило. Со вградување на плински систем во Вашето возило ја зголемувате неговата вредност.
  • Котролирана потрошувачка. Не постои можност за преточување на горивото од резервоарот.
  • Едноставна употреба. Не постои посебно прилагодување на стилот на возењето.
  • Голема сигурност. Системите за ТНГ се усовршени и доведни на ниво на сигурност која е далеку над сигурноста од бензиската инсталација во автомобилот. Резервоарот е направен од висококвалитетен челичен лим со дебелина од 3 mm.  Секој резервоар е атестиран на притисок од 30 бари додека работниот притисок изнесува 6 бари, што представува пет пати помал притисок од оној кој што го има поминато секој од резерварите.
  • Који возила можат да се надоградат со плински систем? Сите возила кои имаат мотор со внатрешно согорување можат да се надоградат со систем за ТНГ, разликата е во опремата која е потребна за типот на возилото. Технологијата на плинските системи е прилагодена на нивото на технологијата на денешните автомобили со што се овозможува инсталација на плински систем (секценционален систем) на систе типови најмодерни автомобили, поточно и оние со пластична грана и TSI / FSI / TFSI мотори. Предности на секвенционалниот систем е во малата разлика на перформансите на возилото во однос кога користи бензин. Во понуда се повеќе видови на системи за патнички, лесни теретни и тешки теретни возила.
  • Пумпи за ТНГ. Мрежата за дистрибуција на ТНГ во денешницата е релативно добро распространета и со тенденција за постојано проширување.
  • Строги правилници и норми. При вградување на плински систем се применуваат строги прописи и норми, директиви пропишани од EU како и ECE прописи.

Plinski Sistem