Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Најчести прашања

Што представува ТНГ ?
∙ ТНГ (Течен нафтен гас или ЛПГ , анг.Liquefied Petroleum Gas), попознат како авто гас, плин, пропан-бутан, бутан, е мешавина од јаглеводородни гасови кои се јавуваат во процесот на рафинирање нафта и се состои од пропан и бутан како доминантни гасови и мали количини на пропен, бутен и пентан.
Попрецизно, ТНГ  е мешавина на јагленоводороди со 3 или 4 јаглеродни атоми (како на пример пропан C3H8, бутан C4H10,, изо-бутан, пропен, бутен, …). Тие се карактеристични (од таму и нивното име) по тоа што при нормална температура и при низок притисок (2-8bar, поретко при 16bar) се претвораат во течна состојба. Поточно, на 70°C притисокот не е поголем од 31bar, а густината во течна фаза при 50°C е не помалку од 0,4 kg/dm3.

Како да препознаам ТНГ ?
∙ ТНГ е безбоен, и во течна и во гасовита состојба, природно нема мирис, па затоа од безбедносни причини се додава силна арома (етил меркаптан или диметил сулфид) која со својата остра и непријатна миризба, претпознатлива за секого, предупредува на истекување на гас од резервоарот. Дури и при концентрации од само 0,4 % интезитетот на миризбата предупредува на присутност на ТНГ во воздухот.

Дали ТНГ е со променлив состав и колку е безбеден ?
∙ Различни компоненти од составот варираат од држава до држава, поточно нивниот сооднос.
Составот на смесата е сезонски променлива во текот на годината во зависност од надворешната температура, но односот на гасови е стандардизиран и прецизно дефинирани. ТНГ е лесно испарлив под влијание на атмосферскиот притисок, од таа причина под притисок се складира во челични садови кои се ограничуваат на максимално полнење од  80% од целокупниот капацитет на садот, сето тоа се применува поради способноста на ширње под влијаније на температурна разлика. ТНГ е сосема безбеден во споредба со дизел горивото или бензинот  бидејќи при контакт со воздух веднаш испарува со што за многу краток временски интервал се намалува неговата концетрација, а ризикот од загадување на земјиштето и водата е практично непостоечки. ТНГ со споредба со сите запаливи гасови има најмала моќ на запаливост па дури и при концентрација од 2% до 9% во затоврена просторија при присуство на извор на запаливост нема да дојде до реакција.

Зошто ТНГ како гориво ?
∙ ТНГ се користи како гориво за моторите со внатрешно согорување (О.Т.О.), не само затоа што цената е многу пониска од цената на бензинот, туку и од еколошки причини, а тука се и некои позитивни технички карактеристики: многу повисок октански број, пониска точка на испарување,  подбра смеша со воздухот  која има поширока граница на запливост која овозможува работа на моторот со многу посиромашна смеша, не се кондезира на ѕидовите на цилиндрити со што го продолжува нивниот век на користење.

Поради пониската калорична моќ во однос на бензинот потребно е малку поголема количина на гориво (во просек околу 10-20%).

Поради своите поволни карактеристики, ТНГ  има шрока примена како гориво за домаќинствата, индустријата, земјоделството и како гориво за моторите со внатрешно согорување.

Повеќето поразвиени земји во светот од еколошки причини ја стимулираат употребата на ТНГ како гориво со посебни привилегији за возилата кои користат ТНГ како гориво, повтино паркирање, дозвола за коритење на возилото во делови од градот каде е забренет редовен сообраќај, финансиска подршка, намелн данок, целосно ослободување од  такси, итд.

Примена на ТНГ како гориво во автомобилите !?!
∙ Со цел ТНГ да се користи како гориво кај О.Т.О мотрите (кои во пракса како горво користат бензин) потребно е да се вгради посебен систем попзонат како плински систем (систем за гас). Неопходно е плинскиот систем (уред) да се прилагоди на технологијата на самот мотор на возилото, од таа причина постојат повеќе видови на плински системи. Како напредува автомобилската индустрија во чекор ја следи и индустријата за производство на овие системи.

Вакумскиот (вентури) плински систем е систем наменет за постари типови на возила каде разнесувањето на плинот во моторот се врши под притисок преку карбураторот.

Ваквиот систем е невозможно да се вгради кај понов тип на возила пред се поради процесот на запалување и експлозија на гасот во граната која кај поновите возила е изработена од пластика и огромни се шансите истата да се оштети. За ваквите возила како и за возилата од најновата генерација постојат и посебни системи, секвенционални плински системи.

Монопинт се системи наменети за мотори со СПИ вбризгување. Карактеристично за истите е што се понапредна верзија на Вакумските системи, не содржат бензински вентил, но за разлика од истите содржат емулатори преку кои се исклучува дотокот на бензин во моторот а се активира ТНГ како погонско гориво. Стартувањето на моторот секогаш е на бензин и при одреден број на вртежи системот сам се префрла на ТНГ. Бројот на возила за кои е потребен овој систем е многу мал во однос возила со МПИ вбризгување за кои е потребен секвенционален плински систем.

Секвенционалниот плински систем е систем каде внесувањето на гасот во моторот на возилото се врши преку вбризгувачи, секој цилиндар од моторт има своја вбризгувалка преку која се инјектира гасот во моторот. Детонацијата на гасовите е невозможна појава, потрошувачката е зголемена од  5% до 10% која не е голема кога ќе се земе во предвид разликата во цената на плинот и бензинот, моќноста на возилото останува непроменета. Овие системи содржат и контролна единица (компјутер) ко јсе координира со веќе постоечката контролна единица во возилото, од таа причина се штелуваат исклучиво со посебен софтвер преку кој се внесуваат потребните параметри и не постои никаква можност истиот да на друг начин да се контролира и да се вршат било какви измени на дадените параметри.

Кај возилата кои имаат вградено секвенционален плински систем неопходно е да се напомене дека во секое време во возилото е неопходно во бензинскиот резервоар да има одредено количество на бензин од проста причина што стартувањето на мотрот се врши на бензин и при одредн број на вртежи на моторот и одредена температура контролната единица неприметно возилото го префла да работи на ТНГ. Тоа е така секој пат при стартувањето на моторот. Неопходноста на бензин бо резервоарот е важен фактор и за работата на бензинската пумпа која е во постојана активност и додека возилото работи на ТНГ.

Вградување на плински уред во возилото се врши без било каква поголема интервенција на моторот на возилото, сите делови од системот се засебни и меѓусебно се поврзуваат и како такви се фиксираат за фозилото се со цел ТНГ да го транспортиаат од резервоарот до моторот во состојба истиот да го искористи за свое придвижување.

Составни делови на плинскиот систем !?!
∙ Системот за гас се состои од повеќе компоненти кои правилно поврзани чинат една безпрекорна целина која со еден поглед на надворешноста на возилото не одава впечаток дека нешто воопшто е надоградувано во возилото.

Резервоарот за гас е достапен во две форми, цилиндрична и тородиална. Тородиалната форма во последно време е најбарана од проста причина што се вградува на местото на резервното тркало, но постојат случаи на возила (иако не се премногу сепак постојат)  кај кои е невозможно истата да се вгради и единствено решение е цилиндричниот резервоар кој е достапен во различни должини и капацитет ,но и тука постојат граници и норми кои не се дозволени да се пречекоруваат.

Резервоарите се изработени од челичен лим со дебелина 2,5 – 4 милиметри,  истите се тестирани на многу повисоки притисоци и одобрени за употреба од светски институции надлежни за таа проблематика. Работниот притисок во резервоарот, под нормални околности, е со само малку повисок притисок од притисокот во бојлер за топла вода (мешавина од пропан-бутан 50%: 50% на 0°C – 3bar при 20°C – 5.8 bar).

На самиот отвор од резервоарот се наоѓа мултивентил (арамтура за резервоар), како што кажува и неговот име, се состои од повеќе вентили, вентил со приклучок за внесување на плинот во резервоарот, вентил со приклучок за изнесување на плинот од резервоарот, сигурносен вентил кој се активира и го испушта гасот доколку притисокот надимене 25 бари, на истиот се наоѓа покажувач (мерач) на нивото на ТНГ во резервоарот со индикатор за максимално дозволено ниво на полнење кое изнесува 80% од целокупниот капацитет на резервоарот.

На влезниот приклучок на мултивентилот се поврзува полначка која најчесто се вградува на надворешниот дел на возилото каде е најпогодно и каде е потребна најмала интервенција  на постечките делови на возилото се со цел да не се менува изгледот на возилото а да не биде намалена фунционалноиста на истата.

Самиот мултивентил има способност да го прекине полнењето на ТНГ во резервоарот доколку се надмине препорачаната граница од 80% од капацитетот на резервоарот.

Поврзувањето на полначката со мултивентилот и мултивентилот со преднито дел од системот се врши со термопластично црево кое се прицврстува со специјано изработени холендери и држачи. Според претходно одредени прописи истите се спорведуваат и прицврстуваат на каросеријата на возилото.

Во предниот дел од возилото се вградуваат редукторот, вбризгувачите и контролната единица.

Редукоторот (регулатор, испарувач, распињача) служи да ја промени состојбата на ТНГ и истиот под постојан притисок и потребна температура да го спроведе до вбризгувачите во состојба каква е непоходна за работа на моторот, поточно од течна да го конвертира во гасовита состојба.

Вбризгувачите се една од компонентите што секвенционалниот плински систем го прават специфицен и понапреден токму поради нивната фунција. Бројот на вбризгувачите е во зависност од бројот на цилиндрите на моторот, за секој цилиндар по еден вбризгувач. Вбризгувачите по претходно прецизирани параметри во прецизни дози инјектираат ТНГ во секој цилиндар засебно.

Филтерите за гасна фаза се задолжителна компонента од секој систем се со цел да се спречи евентуална штета која би ја предизвикала било каква честичка или страно тело кое може да биде да постане дел од ТНГ при неговото преточување и транспортирање до крајните купувачи.

Контролната единица (компјутер) е својствена компонента само за секвенционалните системи, без истата не би биле тоа што се. Исто така постојат и неколку видови контролни единици кои се дел од посебни системи кои се се одредуваат според јачината на моторот на возилото. Дел од контролната единица е инсталацијата со конектори преку кои контролната единица е поврзана со сите неопходни делови од системот на кои им пренесува и добива информации и параметри според кои истите беспрекорно функционираат. Контролната единица со специјален софтвер се контролира и штелува. Со внесените параметри кои се неопходни за одреден тип на возило се создава врска помеѓу контролната единица од системот и контролната единица од возилото која функционира како една целина.

Единствен дел од системот кој се наоѓа на дофат на возачот е прекинувачот које е многу мал но доволно прегледн и функционален. На истиот се наоѓаат диоди во различни бои и обележја покрај истите со кои се сигнализира дали возилото е на ТНГ или бензин, орентационо колкаво е количеството на ТНГ во резервоарот како и прекинувач за мануелно префлање на ТНГ или бензин доколку е тоа потребно.

Дали постојат возила кои фабрички се испорачуваат со плински систем ?
∙ И понатаму во светот најголем дел од плинските системи во автомобилите се вградуваат по желба на сопственикот на автомобили иако постојат случаи каде возилото фабрички е испорачано со плински систем но не се така чести.

Дали овие плински системи може да се вградат во автомобил кој користи дизел гориво ?
∙ Ове плински системи се наменети исклучиво за возила со внатрешно согорување но секако технологијата постојано се развива и има иновации и во тој поглед па затоа и сопствениците на автомобили кои користат дизел гориво може да бидат услужени доколку се заинтересирани.

Дали постои влијание од квалитетот и очуваноста на моторот врз работата на плинскиот систем ?
∙ Се разбира, доколку автомобилот е во лоша состојба или има некакв проблем сето тоа ќе влијае и на работата на плинскиот систем. Во суштина проблемот ќе биде самиот автомобил но ќе влијае на  севкупниот впечаток на работата на системот и вината во суштина ќе му биде префлена на системот а не на автомобилот. ТНГ како гориво е поосетлив од бензинот, со самото тоа постои можност некои недостатоци кои ги има самиот автомобил да излезат на виделина откако ќе се користи ТНГ како гориво за придивижуавње.

Дали потрошувачката или моќноста ќе се намаат ?
∙ Доколку Вашето возило е во добра состојба нема да се осети драстично губење на моќноста на воизоло, загубата во просек изнесува околу 5-10%. Потрошувачката на гориво исто така варира од 10- 15% во зависност од возилото, плинот, неговата искористеност  итд.  Заштетда во секој случај е на Ваша страна бидејќи цената на плинот е скоро на половина од цената на бензинот, потрошувачката е без драстични промени што значи дека скоро се преполовени вашите трошоци за потполно исто коритење на возилото.

Свеќичките исто така имаат големо влијание на работата на моторот и ТНГ поради својата поосетливот има потреба од квалитетна искра , со самото тоа и поквалитетна свеќичка.

Ве советуваме секогаш да одберете оргинални свеќички наменети исклучиво за возила кои користат ТНГ како гориво.

Дали по завршувањето на вградувањето на системот сите обврски се регулирарни ?
∙ Се разбира дека не, пред се имате обврска кон самите себе и вашиот автомобил. Редовното сервисирање , следење на советите и обврските кои ги имате во време на гарантниот период но и по завршување на истиот пред се ќе го продолжи векот на користење на системот и компонентите кои го сочинуваат истиот, со тоа го продолжувате и векот на вашиот автомобил.

За време на гарантниот период  доколку не се придржувате кон неопходните проверки и совети постои можност за скратување на временскиот период на гаранцијата.

Дали со системот добивам некаква докуметација и гаранција ?
∙ Секој систем како и секој нов производ има свој гарантен период кој започнува да важи во истиот момент кога истиот ќе започне да се употребува. Како и секој производ така и плинскиот систем има свои правила и прописи при кои корисникот е неопходно да се прджува се со цел правилно користење на производот и да се избегне губење на бенифициите што следуваат за време на периодот додека трае гаранцијата.
Секој систем со себе има и фабричка документација и свое фабричко бројче, не постои можност за повторување на еден ист сериски број два пати по ред, со самото тоа и секој документ е издаден само во еден примерок. Комплетната докуметација од вградениот систем му се предава на сопственикот на возилото кој е задолжен истите да ги чува за понатамошна процедура.

Која е понатамошна процедура ?
∙ Со вградување на плинскиот систем во автомобилот е направена измена на самата тежина на автомобилот и вградени се делови за кои е неопходно да се внесат во докуметацијата (сообраќајната дозвола) на автомобилот, со самото тоа да постанат дел од истиот.

Која е мојата обврска и дали е неопходно да се направи оваа измена ?
∙ Секој сопственик на автомобил кој има вградено било каков додатен дел или направено било каква драстична измена на автомобилот непходно е истата да ја регулира кај установи овластени за таа обврска. Доколку истата не биде регулирана постои можност од казнување и неможност возилото да се регистрира при годишен технишки предглед и регистрација.

Која е процедурата за законско регулирање на оваа обрска ?
∙ Комплетната докуметација добиена со вградување на плинскиот систем е неопходно да се фотокопира во по два примероци. Со добиената документација задолжително е на возилото да се изврши технички преглед каде од приложените документи се изготвува преостанатата докуметација. Од  МВР,  одел за моторни возила каде се побарува упатница за атестирање на плински систем. По превземената упатница од МВР се враќате на местото каде е извршена контрола на возилото, таму се докомплетира документацијата и потоа се извршува замена на сообраќајната дозвола со нова во која е наведено дека возилото има вграден атестиран плински систем.

По завршувањето на оваа процедура немам никакви други обврски ?
∙ Секако дека имате доколку сакате возилото да го користите. Резервоарот за ТНГ секогаш да има доволна количина гас да стигнете и да се вратите до и од саканата дестинација, да се придржувате кон правилата и прописите во сообраќајот, редовните технички конторли да не ги изоставувате.