Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Дизел Системи

ДИЗЕЛ + ТНГ   Dizel na Plin

Долгогодишните искуства во авто гасната индустрија сега се насочени кон пазарот на кој доминираат возилата со дизел мотори, кои до сега не беа во фокусот на интерес кога станува збор за инсталирање на системи за ТНГ (плин).

Во зависност од годината на производство и од истрошеноста на моторот дизел моторите согоруваат околу 75% гориво, додека поголемиот дел од остатокот се исфрла во атмосферата преку системот за издувни гасови а дел останува во моторот и се складира во форма на саѓ .
Со вградување на систем зас ТНГ (плин) на дизел моторите се овозможува контролирано вбризгување на мали количини ТНГ во моторот на возилото со што ја оплеменува смесата за согорување и овозможува истата во целост да согори или барем до 99%.

ТНГ е со висок притисок, со помош на редукторот се конвертира во гас со низок притисок и како таков со помош на вбризгувачи (дизни, инјектори) кои секонтролирани од контролната единица (компјутер) се инјектира во моторот.

Дозирана количина на ТНГ (плин) преку црево се дистрибуира до системот за воздух каде се прави смеша од воздухот и гасот. За сето тоа време контролната единица ги контролира обртаите на моторот, положбата на кваќилото за гас, притисокот во моторот и врз основа на тие податоци ги контролира вбризгувачите и нивното инјектирање на ТНГ во моторот. Преку контролната единица и софтрерот за нејзино ракување компјутерски се одредува иделаната мапа со која се контролира и одредува идеалното количество на ТНГ вбризган во моторот.

На дофат на возачот се градува прекинувач преку кој се контролира започнувањето и запирањето на работата на системот за ТНГ како и заштитен механизам кој го штити моторот од прегревање. Треба да се нагласи дека на системот е потполно независен и нема никаква потреба од модификации на моторот од во возилото.

Во случај на недостаток на гас во резервоарот или во случај на дефект на на некој дел од системот тој автоматски го префла моторот на возилото да работи на дизел гориво.

Со вградување на системот на ТНГ во автомобил со дизел мотор постигнувате
∙ Заштеда во пари од 10% до 25
∙ Зголемување на силата на моторот до 30
∙ Зголемување на вртежен момент на моторот
∙ Намалување на штетни издувни гасови
∙ Елиминирање на саѓи од системот за издувни гасови
∙ Намалување на абење и подолг живот на моторот, турбинита, катализаторот и филтерите

Дизел моторот произведува штетни токсични гасови кои представуваат опасност за здравјето и животната средина. Со користење на систем на ТНГ за вашето дизел возило значително ќе се намали количеството на опасни гасови во околината.

Dizel na Plin