Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

A-Tест

УВЕРЕНИЕ ЗА ТЕХНИЧКА ИСПРАВНОСТ – А-ТЕСТ

Каде и како да извршите атест на возило со вграден плински систем?

Пред се, невозможно е да се стекнете со регуларен сертификат за атестирано возило со вграден плински систем доколку не поседувате комплетна документација за вградените компоненти и спецификација од сервисер кој ја извршил инсталацијата на системот.

Во сервисот каде е извршена инсталацијата на плинскиот систем добивате спецификација за инсталација во која се наведени сите компоненти, сериски и хомологациски броеви, истата е неопходно да биде заверена со печат. Со комплетната докуметација се упатувате на технички преглед каде се врши контрола на надоградбата и каде се проверува комплетната докуметација. Потоа се упатувате во МВР (Македонска Телевизија) каде е нопходно да побарате упатница за на атест и да нагласите во која установа ќе се изврши истиот. Со комплетната документација се упатувате во устаноивата за која сте побарале упатница каде комплетната докумтација ќе се провери и каде ќе ви се потврди дека вашето возило е со легално инсталиран систем за плин. Го промена на сообраќајната дозвола каде сето тоа ќе биде впишано процедурата за атестирање на возилото во кое е вграден плински систем е завршена.

Немој да заборавите дека оргиналната документацијата треба да ви биде вратена и останува кај Вас бидејќи истиот тој систем можете да го вградите и на друго возило.

Исто така имајте на ум дека доколку од некои причини се изврши замена на резервоарот, испарувачот или некоја друга битна компонента за истите е потребно да побарте нова документација бидејќи повторно атестирање со изменети компоненти и нецелосна докумтација за истите е невозможно да се изврши.

Доколку сеуште не сте извршиле атестирање на вашето возило ви препорачуваме да го регулирате во најкус можен временски период бидејќи без атестирано возило со вграден плински систем доколку ве сопре сообраќајна полиција со сигурност ќе бидете париќно казнети.

Со измените во законот за атестирање сите установи имаат подеднаков надомест за издавање на атест. Покрај веќе фиксната цена за издавање на атест имате дополнителни административни такси и трошоци. Во продожение се со цел олеснување на процедурата Ви го приложуваме Редослед на процедурата за извршување атест на возило со вграден систем за ТНГ (во КОНФОРМА дооел):

Со документацијата припремена од сервисот каде е извршена инсталацијата Ве советуваме да извршите уплата за административни такси.

img141 img141 - Copy img140

Редослед на процедурата за извршување А-Тест на возило со вграден систем за ТНГ

ЧЕКОР-1:Со документацијата припремена од сервисот каде е извршена инсталацијата Ве советуваме да извршите уплата за административни таксиво банката во која имате активна трансакциска сметка (погледни во продолжение и стр. 2).

НАПОМЕНА: Уплатницата БР.2 можете да ја замените со уплата преку платежна картичка, доколку сте корисник на било која картичка од било која банка. Останатите уплатници задолжително регулирајте ги преку банка.

ЧЕКОР-2:Со веќе поготвениот дел од потребната докуметација и уплатницата од 110 денари упатете се во станица за технички преглед (Здружение на возачи на град Скопје, Ченто) каде ќе Ви биде изготвена дополнителна докуметација (Технички записник, зелени листи). Дополнителни трошоци од 200 денари на шалтерите на институцијата која ја издава документацијата се задолжителни (можни се одстапувања од оваа сума во зависност која институција ќе ја посетите). Оваа докуметација задолжително приложете ја на шалтер 3 во МТВ бидејќи доколку истите не ги приложите шалтерскиот работник ќе смета дека не Ви е комплетна документацијата и повторно ќе Ви биде наплатен технички записник и административна такса за истиот.

ЧЕКОР-3:Со уплатницата од 100 денари и досега приготвената докуметација упатете се во МТВ (Македонска Телевизија) шалтер 3 каде сопственикот на возилото, лично, ќе биде потребно да обезбеди УПАТНИЦА ЗА НА АТЕСТ со нагласување дека атестот ќе се изврши во КОНФОРМА. Истата упатница заверете ја на шалтер 2 каде ќе Ви биде побарана уплатницата од 100 денари или истата сума да ја уплатите со платежна картичка. Работно време од 8:30 до 14:30 (пауза 12:00 – 12:30)

ЧЕКОР-4:По превземањето на техничкиот записник и упатницата за на атест упатете се во КОНФОРМА (во склоп на Здружение на возачи на град Скопје, ул. Методија Андонов Ченто бр.15а) каде возилото и приложената документација детално ќе бидат прегледани. Задолжителена административна такса е уплатницата со износ од 50 денари или 85 денари во готово. Работно време од 8:00 до 16:00

ЧЕКОР-5:Откако ќе се установи дека докуметацијата и техничката интервенција (инсталацијата на системот за ТНГ) над возилото се по сите прописи Ви преостанува во рок од 24 часа да ја посетите канцеларијата на КОНФОРМА (Ченто или ресторан ИМЕС позади City Mall) и да ги подигнете документите со кои ќе изработите нова сообраќајна книшка.

ЧЕКОР-6: СООБРАЌАЈНА КНИШКА се издава од МВР и од секоја институција која има дозвола за изработка на овој документ. За изработка на истата потребна Ви е документацијата издадена од институцијата за издавање А-Тест, уплатницата од 200 денари и лично присуство на сопственикот на возилото, поточно лицето на кое гласи сообраќајната книшка.

Откако ќе се установи дека докуметацијата и техничката интервенција (инсталацијата на системот за ТНГ) над возилото се по сите прописи Ви преостанува во рок од 24 часа да ја посетите канцеларијата на КОНФОРМА (Ченто или ресторан ИМЕС) и да ги подигнете документите со кои ќе изработите нова сообраќајна книшка.

Постојат неколку установи који се лиценцирани за издавање на атест (Доколку посетите некоја од останатите Ве советуваме претходно да се информирате за деталите околу процедурата) :

  • CONFORMA – VEHICLE CENTER
    ГЛАВНА КАНЦЕЛАРИЈА
    Бул. Илинден 138а, 1000 Скопје
    Т: +389 (2) 307 89 86 – Ф: +389 (2) 30 90 102
    e-mail: civ@conforma.com.mk
    www.conforma.com.mk
    – ИСПИТНИ МЕСТА –
    Скопје – Технички преглед – Здружение на возачи Скопје – Ченто – Тел. 075 38 39 39, 02 252 54 00
    Велес – Технички преглед – Речани – Тел. 043 21 17 37, 075 78 39 39, 076 24 39 39
    Кочани – Технички преглед – Здружение на возачи Кочани – Тел. 076 25 39 39
    Гевгелија – Технички преглед – Здружение на возачи Гевгелија – Тел. 078 47 20 44
    – ПОДРУЖНИЦИ –
    Штип – Скантракс – Тел. 075 24 39 39
    Кавадарци – Западен Булевар (Кавадарци – Росоман) – Тел. 076 21 39 39, 043 41 05 08

  • “Машинки Факултет” Тел. +389 2 3099 270
  • “АМСМ”  Тел. +389 2 2631-181
  • “АМ-ЦЕРТ” Тел. +389 2 2465 010   +389 72 242 441   +389 72 242 443
  • “ПСС” Тел. +389 2 3069 999
  • АСУЦ “Боро Петрушевски“ Тел . +389 2 3115 819
  • “АМСМ Битола” Тел. +389 47 240 303
  • “АМСМ  Велес” Тел . +389 43 212 221

Плин или авто гас ???

Течниот нафетн гас во секојдневниот говор има повеќе изрази: LPG (liquid petrol gas), ТНГ (течен нафтен гас), плин, авто гас, бутан, пропан-бутан. Сеедно како го нарекувате составот и функцијата се исти.