Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Прочистување на дизни

Современите бензински мотори веке како по правило имаат систем за вбризгување на горивото наместо застарените карбуратори. На крајот на системот се наоѓаат електромагнетни вентили – вбризгувачи чија задача е да ја распрснат мешовината од гориво и воздух во облик на фин млаз.

Целиот систем за вбризгување на горивото а посебно вбризгувачите се доста осетливи на нечистотијата која се наоѓа во системот. Најчеста причина за нечисти дизни се нечистотиите кои на различни начини имаат стигнато до системот, дали преку доводот за гориво или доводот за воздух. Неквалитетното гориво, нередовна замена на филтерот за гориво и воздух се причините за појава на честички кои прават проблеми при поминувањето на смешата од воздух и гориво низ ситните отвори на вбризгувачите. Нечистите дизни не можат правилно да ја распрснат смешата, па наместо фин млаз се створаат крупни капки кои искрата на свеќичката потешко ги запалуваат.

Како превентива за системот за вбризгување. Неопходно е редовно да се менува филтерот за гориво и филтерот за бензин. Во повеќето случаи изборот на квалитетно гориво и редовна замена на филтрите овозможува, долги години на добра и ефикасна работа на системот.

Симптоми за нечисти вбризгувачи:

  • Зголемена потрошувачка на гориво
  • Губење на снага
  • Отежнато стартување на моторот
  • Нерамномерна работа на моторот
  • Триења при возење

Уредот за чистење на дизните ефикасно ги отстранува наслагите и нечистотиите од внатрешноста на дизните под дејство на ултразвук и специјални течности за чистење на дизните. Исправноста на работата ја контролираме со посебен уред за тестирање на дизните со кој се симулира работа на дизните во услови слични како при возење.

cistenje dizni