Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Авто Гас

LPGОграничените количини на фосилни горива, кои се примарни за придвижување на моторите на возилата,  во последните години наведуваат на многу размисувања, истражувања и постаки кои ќе резултираат со соодветна замена. И покрај голениот број на одбиди и најавувања за пронајдено соодветно решение сепак сеуште 98% од целокупниот број на возила кои крстарта на сите светски локации користат горива од фосилно потекло.  Plinski Sistemi

Вискотите и строгите еколошки критериуми, помеѓу останантот, вниманието го свртуваат директоно на пропан-бутан, мешавина од гасови која комерцијално се позната како Течен Нафтен Гас (ТНГ) или поедноставно и попознато како Плин. Plinski Sistemi

И покрај истражувањата на целокупната палета енегетски горива, ТНГ  сепк во автомобилската индустрија е едно од најважните и најзастапените горива поради кои се извршува модификација на моторите со внатрешно согорување. На оваа одлука значајно влијаат препораките од поединци или организации који се занимаваат со заштита на животната средина, дека Течниот Нафтен Гас има приоритет како алтернативно гориво – Плин (Авто Гас).

Течниот Нафен Гас делумно се добива како природен гас, што е всушност околу 60% од целокупнато светско произвдоство, додека останатите приближно 40% се добиваат како производ при преработка на нафтата. Основните состојки на комерцијалнот ТНГ се пропан и бутан, процентуалната застапеност на овие состојки зависи од температурата на моторот при експлотација. Пропанот е полесно испарлив што го прави попогоден за региони со пониска температура и обратно. На нашата територија и регонот околу нас соодносот на пробан и бутан е приближно 50:50. Plinski Sistemi

Комерцијалниот Течен Нафтен Гас е со карактеристичен мирис, не е отровен но со своето присуство го истиснува кислородот со што доколку е присутен во голема концертрација може да предизвика гушење. При ракување треба да се внимава да не дојде во допир со кожата бидејќи при итезивно испарување предизвикува изгореници.

Користењето како гориво во индустријата и домаќинствата но се почесто како погонско гориво во моторните возила го номинира за гориво на иднината. Не создава талог во рабоните делови на моторот, октанскиот број е поголем отколку кај бензинот, има ниска точка на испарливост со што полесно се меша со воздухот и има поширока граница на запаливост, што овозможува моторт да работи со посиромашна смеша. Не создава корозија која се јавува како последица од адитивите во бензинот кои се користат за подобрување на неговите карактеристики. Plinski Sistemi

И покрај, може да се каже, опшата согласност дека Течниот Нафтен Гас (ТНГ, плин, авто гас, авто плин) е гориво со повеќекратни предности сепак поради недоволната информираност кај одреден број сопственици на возила владее мислење дека станува збор за гориво опасно за употреба. Транспортот, вскладишувањето и манипулацијата во секој слушај се посложени отколку за бензинот или дизел горивото, но доколку се почитуваат оштите норми во потполност е одстранет секакв вид на ризик во било која фаза од манипулацијата и користењето. Во секој случај секое гориво при неправилна манипулација со себе носи одредени ризици затоа е потребно секогаш да се почитуваат сите препораки и правила.

Погонското гориво кое се користи кај мотори со внатрешно согорување со цел успешно извршување на својата функција е потребно да задоволи одредн број на строги критеријуми: Викоски енергетски својства, поволни антидетонаторски карактеристики, хемиска стабилност, нетоксичност, антикорозивност, поедноставни норми за складирање и транспорт, прифатлива цена итн.

Доколку сето ова се земе во предвид а на сето тоа се додаде дека секоја врста познато гориво на денешницата во потполност не ги задоволува соите критеријуми,  па затоа може да се заклучи дека Течниот Нафтен Гас и покрај тоа што има некои недостатоци сепак представува една од најповолните опции да се користи како гориво кај моторите со внатрешно согорување.Plinski Sistemi