Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

OMVL – Контролна Единица

omvlDREAM XXI N е систем дизајниран и развиен од страна на OMVL. Italijanski Ured

DREAM XXI N е секвентен систем кој се инсталира кај сите видови на возила. Истиот служи за конвертирање на LPG(плин)и CNG(метан) како погонско гориво на автомобилот. Системот е со комплетна хомологација согласно со најновите стандарди за безбедност кај гасн системи (67R01 и R110) и ги одржува емисиите на штетни гасови според EURO4 стандардот.

DREAM XXI N е напреден систем за вбризгување, компатибилен со најновите типови на мотори кои користат бензин како погонско гориво.

Со помош на овој систем, гасот се вбризгува во усисната грана во правилни секвенци и правилни временски интервали. Стабилниот притисок на регулаторот заедно со софистицираното електронско дозирање на гасот гарантира брзо задоволување на барањето за нагло забрзување и глатко забрзување при cut-off фазата.Со DREAM XXIN добивате оптимизирана потрошувачка и перформанси кои се приближно еднакви со оние кога возилото користи бензин како погонско гориво.

Контролната единица (ECU) кај DREAM XXI N системот со својата врвна компатибилност, лесно се поврзува на постоечкиот компјутер на вашето возило и ги влече податоците за работата на моторот со што самиот се штелува на побарувањата на моторот а ги остава оригиналните параметри непроменети.

Автоматското префрлање помеѓу бензин и гас, контролната единица го врши доста прецизно па така при застој на моторот или при празен резервоар за гас прекинува со работа и ја продолжува работата на моторот на бензин.