Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

TECH ONE

TECH ONE е одличен избор кога за цел се има да се намали цената на автогасната инсталација и кога станува збор за 4-цилиндричен мотор кој не бара употреба на контролер кој поддржува OBD.

TECH ONE е комбинација од современи иновации и проверени софтверски решенија:
• Поддршка до 4 цилиндриTECH_ONE
• Нови, компактен дизајн
• Брза, поедноставена инсталација
• 3-жичен дигитални контролен панел
• Емулатори за бензиски инџектори базирани на полупроводници
• TECH и Стандардни алгоритми за конторла на гориво
• Иновативен TECH алгоритам за контрола ACTA систем за калибрација систем AATA автоадаптација
• 3D мапа на гориво
• Бар и линеарен графикон на времето на вбризгување
• Дополнителна мапа за кореции базирана на темепратура и притисок на плинот, температурата на испарувачот и RPM
• Автодијагностика на грешки во инсталацијата
• Целосна заштита на колото и заштита од преоптоварување
• Кутија од композитен материјал
• 24-пинска конекција
• 5-годишна гаранција

Поради малиот и компактен дизајн со 24-пински конектор TECH ONE представува производ кој е многу полесен за ракување и дава можност за брза монтажа при недостаток на работен простор. Употребата на дигитален контролен панел создава можност да се намали бројот на комуникациски кабли што дополнително ја намалува големината на конекторот. Емулаторите за бензиски инџектори базирани на полупроводници обезбедуваат точност и сигурност при избор на различен тип на гориво и нудат можност за екстра вбризгување на бензин додека моторот работел на гас или наизменични вбризгувања и нудат дополнителна заштита на вентилите од довод на гориво. Правилно управување со моторот е обезбедено од страна на алгоритми тестирани и развиени во текот на годините од инжињерите во LPGTECH. Интегрираните алгоритми обезбедуваат можност за калибрирање на автомобилот во секој режим на работа на моторот. Интегрирани се дополнителни прилагодувања на притисок, температура и RPM.