Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

TECH 320 – OBD

TECH-320 (OBD) е најновата иновација од LPG и е најнапреден систем кој има

  • LPG/CNG контролер на вбризгувања
  • Автоматска ОБД адаптација
  • Автоматско интелегентно бришење на грешките со помош на OBD-то
  • Корекција на времето на вбризгување врз основа на параметрите отчитани од бензинската ECU преку OBD bus-от
  • Не е потребно мануелно штелување во текот на возењето
  • OBD скенер за параметри и грешки и корекција на истите
  • Можност за опслужување на мотори со 16 цилиндри
  • TECH alghoritm+system автоматска корекција (авто-адаптација)
  • Конфигурација на програмата со TECH & STANDARD опција
  • Поддржани OBD протоколи: CAN (11-500; 29/500; 29/500) ISO 14230 slow, ISO 14230 fast, ISO 9141
  • Високо Потполна заштита од струен удар
  • квалитетно алуминиумско куќиште

Серијата TECH-320 OBD (324-326-328) е врз основа на традиционалниот микропроцесорска контрола со 56 пински сет на жици. TECH-320 серијата на контролери е дизајнирана за мотори со 4/6/8 цилиндри (во зависност од верзијата на контролерот). Исто така постои можност за паралелно поврзување на два контролери во MASTER/SLAVE режим на работа, така да може да се опслужи мотор со 16 цилиндри. Во текот на изработката комбинирана е најнапредна технологија со најсовремена функционалност. Компактното алуминиумско куќиште, со димензии 190х125х30 mm, овозможува лесна инсталација на секој автомобил

Програмот TECH-320 OBD ги нуди истите функции и безбедносни карактеристики како и програмот TECH-300 со што обезбедува одличен квалитет и перформанси. Покрај тоа TECH-320 OBD има можност да комуницира со CAN и ISO протоколите како што се CAN (11-500; 29/500; 29/500) ISO 14230 slow, ISO 14230 fast, ISO 9141. Поврзувањето со автомобилскиот OBD систем се врши со користење на само две жици без оглед на протоколот. Уште една предност е и можноста контролерот да се користи за отчитување, бришење на кодовите на дијагностичките проблеми и читање на сите параметри на моторот, како кај стандардниот OBD бензински скенер.

Серијата TECH-320 OBD има автоматска DTC функција на бришење (до 8). После отчитувањето на кодовите со грешка и сместувањето на истите во табела “Кодови за бришење” контролерот автоматски ја бриши меморијата на бензинскиот компјутер. Во друг случај, доколку кодовите со грешка не се сместени во табелата, контролерот нема да ја избрише меморијата со грешки така што ќе го предупреди возачот за истите.

После конектирањето на контролерот со автомобилскиот OBD систем, TECH-320 OBD ќе ги забележи и зачува во табела сите “fuel trim” вредности на бензин и гас. OBD адаптацијата, на основа на овие податоци , ќе изврши автоматско подесување на смешата со цел да се добие совршена калибрација. Ова обезбедува перфектно работење на авто гасниот систем.

плински уред