Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

TECH 310

TECH-310 (314-316-318) всушност е варијација на веќе споменатиот модел TECH-300 (304-306-308). Plinski ured
Надограден се со унапреден микропроцесор кој овозможува ефикасно контролирање и командување на целокупниот систем. Исто така неговито софтвер се сосотои од додатни опции за подесување како што е контрола на температурата на самата контролна единица, одржување на температурата на оквирот, брз и детален осцилоскоп. Покрај тоа, времето на вбризгување е на понапредно отколку кај стандардната верзија.

tech300Софтверот за подесување на контролната единица е мозокот на целата фунционалност. TECH контролните единици користат софтвер кој постојано се надоградува и усовршува врз основа на развивањето на автомобилската индустрија. Благодарение на софтверот TECH контролните едници целосно автоматски спроведуваат калибрација во секој режим на работа на моторот на возилото како и оптимална адаптација на тајмингот и количеството на инјектирано гориво. Покрај автоматското подесување на потребните функции постои можност за лесна рачна корекција од страна на овластено лице, иако Ве уверуваме дека тоа не е потребно бидејќи софтверот сам му го доставува она што му е потребно на возилото врз основа на податоците кои возилото ги сигнализира при користење на бензин како гориво.

Препознатлива и заштитна карактеристика кај TECH контролните едници е авто-корекцијата. Системот постојано ги ЌнадгледуваЌ вбризгувачите (инјекторите) за гас  и доколку е потребно, независко колку пати, врши корекција на вбризгувањето на ТНГ во реално време врз основа на податоците од вбризгувањето на бензин што уверува дека Вашиот автомобил при користење на ТНГ ќе Ви ги презентира своите оптимални перформанси.

Plinski ured