Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

KME

Како една од водечките компании од областа за производство на ТНГ и КЗГ системи, Полската компанија KME на пазарот постои од 1993 година, и обезбедува најдобро можно решение за авто гасен систем и авто електроника. Производната програма покрива дизајнирање, изработка ТНГ и КЗГ системи и резервни делови за истите. Нивните производи се извозуваат во повеќе од 30 земји, со што излегуваат во пресрет на потребите на клиентите ширум светот.

Можности
Богатото знаење и искуство, стекнато во текот на работата на разни проекти и во текот на сериското производство на авто гасни системи, им овозможува да гарантираат висок квалитет и совршено функционирање на системите кои ги нудат. Тренинзите и работилниците кои ги организира оваа компанија, ја зголемуваат стручноста и обученоста на работниците и сервисирите кои вградуваат гасни системи. Со оглед на тоа што поседуваат напредни технички познавањеа и го поседуваат “know how”(знаењето како) можат на своите клиенти да им понудат поддршка и професионална помош.

Производи
Компанијата KME произведува секвентни системи за ТНГ и КЗГ и резервни делови за истите, започнувајќи со најпростите прекинувачи бензин/гас (323,626) Ламбда системи (BINGO), па се до високотехничките гасни секвентни системи (DIEGO/NEVO). Исто така нудат и редуктори односно испарувачи наменети за ТНГ секвентни системи (SILVER, GOLE, TUR) и други авто-гасна дополнителна опрема (INTERFACES USB / RS232, OBD Adapter) итн.

reduktor_silverKME Silver
Овој испарувач е добитник на бројни признанија. Едноставниот дизај нуди можности да се монтира и на најнепристапните места кај автомобилите. Иако е со стандардна големина истиот може да напојува мотори со моќност до 160 kW. Гаранцијата од 4 години се однесува на куќиштето и е доста едноставен за одржување и сервисирање.

KME__GoldKME Gold
Златната верзија на овој испарувач е наменета за мотори кои имаат моќност до 260 kW. Како наследник на сребрениот испарувач овој е со зголемена моќност и гарантира перфектно напојување на доста моќни мотори. Со помош на дизајнот, може да се спојат два испарувачи во еден и да функционираат како еден и да напојуваат возила со моќност до 520kW.

Технологија
Електронси системи се произведуваат на автоматизирана производна трака, што обезбедува висок квалитет и прецизност при производство на производите. Оптимизацијата на производите со електронска опрема и употребата на KOMAX машина гарантира највисоки технички параметри на овие производи. Широката палета на CNC машината во механичкиот третман на елементите обезбедува остварување на висока прецизност во производниот процес и достигнување на бараните работни параметри.

Квалитет
Производите на компанијата КМЕ се произведени од најквалитетни материјали при автоматизиран производствен процес. Од 2003 година поседуваат ISO 9001:2000 сертификат за управување со квалитет. Нивните производи се исто така хомологирани за поклопување со регулативата R67.01 и R110 EKG ONZ но и ECE R115 за одредени типови на возила. Исто така поседуваат хомологација од Министерството за Инфраструктура Полска за адаптација (конвертирање) на возила на гасен погон PL*0017*00/G