Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

АРТИКЛИ

   Квалитетни производи, стручна, квалитетна и оптимална услуга, максимално искористени возила, пред се задоволни сопственици на возила се наша мисија како и награда за успешна работа. За остварување на нашата визија, квалитетни производи и задоволни клиенти, соработуваме со едни од најреномираните производители на широко познатите брендови во областа на автомобилската ТНГ технологијата.

   Долгогодишното постоење, позиционирањето на светскиот пазар, истрајноста на производите и огромниот број задоволни клиенти представуваат нерушливи докази за квалитетот кој го нудиме на нашиот пазар. Временската гаранција на производите кои ги представуваме е еден клучен фактор за квалитетот во производството на бредновите и истрајноста на компононентите кои ги сочинуваат комплетните производи кои Ви ги презентираме. На Вас е да одлучите а на нас останува да Ве информираме и услужиме. LPGTECH, AC STAG, Atiker, Tomsseto, OMVL by Westport, REG, Samcelik се дел од брендовите кои Ви гарантираат квалитетини и компатабилни прооизводи.

   Во не така далечно минато владееше мислење дека технологијата го достигна својот максимум во областа на производство на авто ТНГ опрема. Со усовршувањето на LPGTECH тој мит е минато бидејќи дојде времето кога во светот на автомобилската ТНГ опрема се нуди комплетна опрема која вклучува нови идеји и технологија со изненадувачка едноставност и ефикасност. Системите за алтернативни горива од производната линија на LPGTECH подеднакво добро функционираат и на Плин и на Метан што е всушност главна и значајна причина за се поголемата популарност во светот на автомобилската технологија. Оргиналните решенија на електронски системи со едноставни технички параметри кои се тестирани и одобрени после екстремни и долготрајни тестови резултираа со непобедливо квалитетен прозивод.

   LPGTECH е еден од водечките Полски брендови, исто така многу значаен светски производител на ТНГ / КНГ системи со својот добро познат бренд LPGTECH 300. Тимот на LPGTECH е присутен на Полскиот авто пазар повеќе од 20 години. Одберето го најдоброто и оргиналното.

   BRISK Ви ја представува посебната линија LPG Silver свеќички која е развиена исклучиво за мотори кои користат ТНГ како алтерантивно гориво. Оваа линија на специјално развиени производи овозможува лесно сервисирање, долготрајност и поквалитетна работа на моторот. Изборот на вистински свеќички за возило кое користи ТНГ во минатото вклучувало многу фактори што во реалност представувало дополнителни работни обврски бидејќи согорувањето на ТНГ по многу тоа се разликува од согорувањето на бензинот. Како последица од низата фактори потребни за квалитетно палење на смешата потребен е поголем напон од системот за палење. Потребниот напон за палење на смешата констатно се зголемува а со тоа се зголемува и ризикот да дојде до оштетување на бомбината или други делови од системот за палење, констатно со зголемена потрошувачка на гориво. BRISK LPG Silver се свеќички специјално изработени за возила кои користат ТНГ како гориво. Изработени се од племенит материјал, сребро, кој има одлична отпорност на високи температури, представува одличен топлотен и електро спроводник. Специјално дизајнираниот зазор и централната електрода изработена од сребно кај BRISK LPG Silver свеќичките ги прави идеални за мотори кои користат ТНГ како гориво. Мануелна корекција на зазорот веќе не е потребна!